Свет
Зеленски ја откажа средбата со германците
Украинскиот претседател Владимир Зеленски ја откажа средбата со германската министерка за надворешни работи поради несогласувањата околу гасоводот Северен тек 2 и воената помош за Киев, објави Си-ен-ен.
„Извор близок до украинската влада ми кажа дека претседателот Зеленски денеска ја откажал средбата со германската министерка за надворешни работи бидејќи таа одбила да каже дали Германија ќе го напушти проектот Северен тек 2 доколку Русија изврши инвазија, како и одбивањето на Германија да обезбеди каква било директна или индиректна воена помош за Киев“ напиша на Твитер новинарот на Си-ен-ен, Џејк Тапер, а пренесува руската агенција ТАСС.
Тој додаде дека ова откажување официјално е карактеризирано како „грешка во распоредот“.
„Многумина во Источна Европа и Киев се повеќе ја гледаат Германија како руски сојузник, а не како западен сојузник“, рече репортерот на CNN, цитирајќи го истиот извор.
Бурбок вчера откри дека не можела да се сретне со Зеленски, бидејќи на средбата требало да присуствува и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, но француската страна имала промена на плановите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.