Свет
Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Етиопија
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Етиопија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти ЕМСЦ.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Азербејџан: Ерменските војници синоќа пукаа во нашите сили
Азербејџан објави дека ерменските сили во текот на ноќта пукале врз нејзините воени позиции во западниот регион Лачин, јавува Anadolu.
Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека ерменските сили ги нападнале азербејџанските сили во близина на селата Забух и Јагазур.
„Ве известуваме дека единиците на вооружените сили на Ерменија изминативе денови неколкупати пукаа врз нашите позиции и сите овие случаи се евидентирани“, беше посочено.
Ерменското Министерство за одбрана подоцна ја демантираше изјавата на Баку, тврдејќи дека „не соодветствува со реалноста“. Ова е прв инцидент од ваков вид што го пријави Баку од септември минатата година. Односите меѓу Баку и Ереван се затегнати од 1991 година, кога ерменската армија го окупираше Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан, и седум соседни региони.
Азербејџан го ослободи најголемиот дел од територијата за време на есенската војна во 2020 година, која заврши по мировниот договор со посредство на Русија. Азербејџан воспостави целосен суверенитет над Карабах по операцијата во септември 2023 година.
Регион
Додик: Ќе одиме до крај, ќе се отцепиме од Босна и Херцеговина
Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, најави дека актуелната влада во Република Српска, која тој ја предводи, „ќе оди до крај“, односно до постигнување на целта што ја гледаат преку прогласувањето на отцепување на тој ентитет од Босна и Херцеговина.
Додик од почетокот на декември се лекува дома по операцијата на која му беше извршена во Белград поради заробување на хранопроводникот, па тој и неговите адвокати тврдат дека не е способен да учествува во продолжението на судењето кое е во тек против него пред Судот на Босна и Херцеговина, но тоа не го спречи во понеделник да испрати пораки во кои ги повторува старите закани.
Во интервјуто објавено од бањалучкиот весник „Глас Српске“, Додик рече дека тој и неговите колеги успешно се спротивставиле на сите притисоци на кои биле изложени во изминатата година и дека во 2025 година се подготвени да продолжат да работат за да ја постигнат својата конечна цел.
„За нас тоа е политичка цел. А тоа е независноста и самостојност на Република Српска. И тоа сите го разбраа“, рече Додик.
Тој тврди дека во РС за ова имаат поддршка од пријатели од странство, кои не ги именуваше, но рече дека благодарение на нив и покрај разните блокади успеале финансиски да ја преживеат 2024 година.
Тој се потпира и на промените во Белата куќа и смета дека администрацијата на Доналд Трамп ќе води поинаква политика кон Босна и Херцеговина од претходната, што, според него, би вклучувало и напуштање на политиката на санкции под кои, освен Додик, се и неговата ќерка и син, како и сите негови најблиски политички соработници.
Европа
Воената полиција совлада маж вооружен со нож пред канцеларијата на белгискиот премиер
Белгиската полиција утрово уапси маж вооружен со нож пред канцеларијата на белгискиот премиер во Брисел.
„Човекот со нож беше совладан од воената полиција. Мажот е префрлен во полициска станица. Во инцидентот не се повредени воените полицајци“, изјави портпаролот на премиерот Александар Де Кро.
Локалната полиција го потврди апсењето, истакнувајќи дека мажот се заканувал на воениот персонал стациониран на местото. Локалните медиуми јавуваат дека мотивите на мажот се уште не се утврдени.
Барен Лејтс, директор за комуникации на премиерот, рече дека Де Кро е „шокиран од инцидентот“. „Искрено ѝ благодариме на воената полиција. Внимателно ја следиме ситуацијата заедно со полицијата. Ни олесна што никој не е повреден во инцидентот“, изјави Де Кро преку неговиот директор за комуникации.