Свет
Земјотрес со јачина од 7,4 степени го погоди северниот дел на Чиле во близина на границата со Аргентина

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди северниот дел на Чиле, во близина на границата со Аргентина, а засега нема извештаи за повредени или поголема материјална штета, соопшти Американскиот геолошки институт.
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на 45 километри југоисточно од градот Сан Педро де Атакама, на длабочина од 117 километри.
Не е издадено предупредување за цунами, пренесува АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Шпанија ќе предложи до Европската Унија трајно да се укине поместувањето на часовникот

Шпанската влада објави дека ќе предложи до Европската Унија трајно да се откаже поместувањето на часовниците и преминувањето на зимско време, што ќе се случи следниот викенд, наведувајќи дека ова е „застарена практика“, објавија денес шпанските медиуми.
Како што е наведено, оваа промена повеќе не придонесува за заштеда на енергија, а исто така предизвикува негативни здравствени последици, објави ТВ Ртве.
Во видео објавено на платформата X, шпанскиот премиер Педро Санчез посочи дека „поместувањето на часовникот двапати годишно повеќе нема смисла“, па затоа Шпанија ќе предложи да се укине оваа практика.
„Во сите анкети што ги спроведовме, мнозинството Шпанци и Европејци се против поместување на стрелките на часовникот. Покрај тоа, науката ни кажува дека ова повеќе не заштедува енергија, како и дека го нарушува биолошкиот ритам двапати годишно“, објасни Санчез.
Тој потсети и дека пред шест години, ЕУ гласаше за укинување на менувањето на часовникот двапати годишно во сите земји-членки, и дека тогаш беше истакнато дека одлуката е донесена по јавни консултации во кои учествуваа 4,6 милиони луѓе, од кои 84 проценти гласаа за укинување на оваа практика.
Во 2019 година, Европскиот парламент исто така ја поддржа таквата одлука, со 63 проценти од гласовите.
Сепак, конечната одлука за ова прашање не беше донесена поради недостаток на консензус меѓу земјите-членки, бидејќи нејзиното усвојување бара квалификувано мнозинство во Европскиот совет.
Потпретседателката на Европската комисија, Тереза Рибера, изјави за шпанската телевизија дека Европејците ја поддржуваат идејата за унифицирано пресметување на времето и дека сега е вистинското време тоа да се случи.
Санчез изјави дека, поради оваа причина, Шпанија ќе поднесе формален предлог на денешниот состанок на Европскиот совет за транспорт, телекомуникации и енергетика, на кој ќе присуствуваат министерствата од 27 земји-членки на ЕУ.
Изворите наведоа дека сега е добро време за гласање во Европскиот парламент за укинување на оваа практика во 2026 година, бидејќи тековниот процес на планирање, кој Европската комисија го спроведува на секои пет години, истекува следната година.
Фото: принтскрин
Свет
Премиерот на Канада: Ако Нетанјаху влезе во нашата земја, ќе го уапсиме

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека ќе го уапси израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ако влезе во Канада.
Во интервју за Блумберг, Карни беше прашан дали ќе ја исполни обврската на неговиот претходник Џастин Трудо да го притвори Нетанјаху по обвинение за воени злосторства, на што Карни одговори позитивно.
Меѓународниот кривичен суд минатата недела го отфрли барањето на Израел да поднесе жалба на налозите за апсење издадени од МКС за Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант поради војната во Газа.
Во пресудата донесена минатата година, МКС најде „разумни основи“ да верува дека Нетанјаху и Галант сносат „кривична одговорност“ за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел ги негира сите обвинувања.
Фото: принтскрин
Свет
Виткоф: Обновата на Газа ќе чини околу 50 милијарди долари

Специјалниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, рече дека верува оти трошоците за обнова и реконструкција на Појасот Газа ќе бидат околу 50 милијарди долари (42,87 милијарди евра).
„Проценките се околу 50 милијарди долари“, изјави специјалниот пратеник на САД за Си-би-ес Њуз. „Може да биде малку помалку; може да биде малку повеќе. Јас лично не мислам дека тоа се многу пари за регионот“.
ОН проценува дека се потребни околу 70 милијарди долари (60 милијарди евра) за обнова на Газа по две години војна.
Постојат ветувачки рани знаци за потенцијални донатори за обнова од арапските држави, европските земји и САД, соопшти Програмата за развој на ОН.
САД беа убедливо најголемиот снабдувач на оружје за Израел за време на војната, помагајќи да се поттикнат интензивните напади низ Појасот Газа, но некои европски земји, вклучително и Германија, исто така одобрија значителен извоз на воена опрема за Израел.