Свет
Извршена смртна казна во Јапонија, погубен маж што убил седум луѓе
Во Јапонија денеска беше погубен маж, кој во 2008 година убил седум луѓе во преполниот трговски кварт во Токио.
Министерот за правда, Јошихиса Фурукава, изјави за новинарите дека Томохиро Като (39) бил обесен во притворен центар во Токио, пренесе АП.
Фурукава рече дека смртната казна е оправдан одговор на грозоморно и насилно злосторство и дека укинувањето на најстрогата казна не е соодветно во овој момент. Тој рече дека Като темелно се подготвил да изврши масовно убиство, што според него е грозоморен чин, кој довел до исклучително сериозни последици, што имало големо влијание врз општеството.
Во јуни 2008 година Като возеше со својот камион на улица во трговскиот дел во Акихабара удирајќи во толпа луѓе и уби тројца пешаци, а потоа излезе од возилото и избоде четири лица до смрт и повреди 10 други.
На снимките од надзорните камери подоцна објавени од националниот радиодифузер NHK се гледа како тој купува ножеви два дена пред нападот, се смее со работник во продавница и повремено прави прободувачки гестови со рацете.
Медиумите објавија дека тој објавил неколку пораки на интернет поради очај и предупредувања дека планира да убие луѓе во масовен напад.
Окружниот суд во Токио го осуди Като на смрт во 2011 година, а Врховниот суд ја одби неговата жалба во 2015 година.
Јапонија во моментот има 107 лица осудени на смрт, од кои 61 бараат повторно судење, рече министерот за правда.
Јапонија ја задржа смртната казна и покрај зголемените меѓународни критики, а истражувањето на јапонската влада покажа дека огромно мнозинство од јавноста ги поддржува егзекуциите.
Во Јапонија егзекуциите се вршат во строга тајност, каде што затворениците не се информирани за нивната судбина до утрото кога ќе бидат обесени, наведува американската агенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.