Контакт

Свет

Израелецот кој помина 54 дена во заробеништво во Газа: „Ме оперираа без анестезија“

Објавено пред

Ослободениот израелски заложнил, кој беше киднапиран на музичкиот фестивал „Супернова“ откако беше ранет во ногата, зборуваше за деновите во заробеништво во Газа откривајќи дека бил опериран без анестезија.

dobivaj vesti na viber

За време на 54-те дена додека Итај Регев (19) бил држен во Газа, му било кажано дека израелската влада не сака да го врати и дека повеќето заложници загинале при напад на израелската армија.

Така, рече тој, милитантите на Хамас се обиделе да го натераат да се плаши од ИДФ повеќе отколку од нив.

„Тоа беше процес и тоа го правеа постепено“, изјави овој млад човек при посетата на Лондон.

„Тоа беше вистинска психолошка војна со која сакаа да ме натераат да се плашам од нападите на израелската армија повеќе отколку од моите киднапери“, изјави Регев за Гардијан.

Додека Израел се обидува да ги ослободи другите заложници заробени од Хамас за време на нападите на 7 октомври, во кои загинаа 1.200 луѓе, израелските воени напади убија повеќе од 31.000 луѓе во Газа втурнувајќи ја територијата во хуманитарна криза.

Во ноември привремениот прекин на огнот дозволи ослободување на Регев, неговата сестра Маја и повеќе од 100 други заложници во замена за 240 Палестинци, кои се држат во израелските затвори.

Бидејќи неодамнешните разговори за посредување за прекин на огнот се чини дека се прекинати, Регев рече дека главен приоритет на израелските власти треба да биде враќањето на речиси 130-те луѓе што сè уште се држат како заложници.

„Примирјето нема цел доколку заложниците не се вратат“, рече Регев, чиј пријател Омер Шем-Тов (21) сè уште е во заробеништво.

Маја Регев, сестрата на Итај, и неговиот пријател Омер присуствувале на музичкиот фестивал „Супернова“ на 7 октомври, на помалку од пет километри од границата со Газа, неколку дена по враќањето од одморот во Мексико. Кога слушнале истрели и вресоци, сфатиле дека мора да почнат да бегаат.

Луѓето почнале да паѓаат околу нив додека куршумите летале од сите страни, се сеќава Регев. Додека барале засолниште во автомобилот, Хамас испукала истрели погодувајќи ги и Регев и неговата сестра во ногата.

„Не сфатив дека сум заробен“, рече Регев додека се сеќаваше дека го возеле преку граница. Од задниот дел на камионот со врзани раце и опкружен со луѓе од Хамас тој рече дека можел да ги слушне смеата и овациите на луѓето што биле воодушевени што терористите ги носат заложниците.

Тие првин биле однесени во куќа и спуштени во тунел пред да бидат однесени во болница, рече тој, каде што ‘преплашениот’ лекар без анестезија му го извадил куршумот од ногата. Киднаперите со кои цело време бил опкружен му рекле да молчи или ќе го убијат.

Првата недела ги држеле заробени во заклучена соба од една куќа, лишени од дневна светлина и со малку храна, недоволна за него и за сестра му.

По пет дена, Маја била пренесена во болница на лекување на раната. Тие комуницирале еднаш на секои две недели преку пораки. Регев и Шем-Тов ноќе биле преместени меѓу три куќи, а во една пригода биле принудени да носат бурки.

На прашањето за одговорот на Израел на нападите од 7 октомври и воената акција во која загинаа повеќе од 30.000 луѓе во Газа, Регев рече дека се обидува да се дистанцира од тоа колку што е можно повеќе.

Кога дошла веста дека ќе биде ослободен, Регев рекол дека во тој период полека престанувале звуците на војна околу нив, па мислел дека на конфликтот му дошол крајот.

Регев беше предаден на претставници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, кои го изнесоа од Газа.

Сега тој ги посвети своето време и енергијата на подигање на свеста кај израелските и светските лидери за заложниците во Газа повикувајќи ги да му дадат приоритет на враќањето на оние што сè уште се држат во заробеништво.

Регион

Загинаа две лица, а пет се водат како исчезнати по судар на чамец и крузер во Дунав кај Будимпешта

Објавено пред

Две лица го загубија животот доцна синоќа, а пет се водат за исчезнати во судар на мал моторен чамец и крузер на реката Дунав северно од Будимпешта, соопшти денеска унгарската полиција.

dobivaj vesti na viber

Телата на возрасен маж и жена се пронајдени северно од главниот град, а властите се уште трагаат по пет исчезнати лица.

Сома Чечи, портпарол на полицијата во Будимпешта, на прес-конференција рече дека, според досегашните сознанија, во чамецот имало вкупно осум возрасни лица и потврди дека две лица загинале, а пет се водат како исчезнати. Тројца мажи и две жени моментално се бараат со глисери и дронови, јавуваат унгарските медиуми.

Полицијата соопшти и дека во градот Комаром бил запрен поголем брод, а од увидот било откриено дека му е оштетен страничниот дел. Се врши увид и во тек е истрага за опасноста по водениот пат и смртта на неколку лица.

Прикажи повеќе...

Регион

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Објавено пред

Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер Роберт Калинак за словачката новинска агенција ТАСР.

dobivaj vesti na viber

Состојбата на Фицо се подобрува, а лекарската комисија утре треба да одлучи дали тој ќе биде префрлен. Фицо моментално се опоравува во универзитетската болница во Банска Бистрица.

Фицо беше тешко повреден на 15 мај, по седницата на Владата во градот Хандлова, кога 71-годишниот писател Јурај Цинтула, од непосредна близина неколку пати пукаше со пиштол во него. Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување вчера му одреди притвор на Цинтула.

Прикажи повеќе...

Свет

Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

Објавено пред

Дороти Џин Тилман од Чикаго стана најмладата личност, на 17 години, што успеа да се здобие со докторска диплома за интегрирано бихевиорално здравје во Аризона.

dobivaj vesti na viber

„Ова е прекрасна прослава и се надеваме дека Дороти Џин ќе инспирира повеќе студенти. Но, ова е нешто многу ретко и уникатно“, вели вонредниот професор Лесли Менсон.

Кога повеќето ученици се обидуваат да се адаптираат во средно училиште, Дороти веќе беше запишана на колеџот во Лејк Каунти во северен Илиноис, каде што дипломира психологија.

Во 2018 година таа дипломира на отсекот хуманитарни науки на колеџот „Екселсиор“ во Њујорк. Две години подоцна, магистрира на колеџот „Јунити“ во Мејн пред да биде примена на Програмата за бихевиорално управување.

Поголемиот дел од нејзиното образование го реализира на далечина, преку онлајн настава.

Како што вели таа, најголема заслуга за целото нејзино образование има нејзината баба, како и нејзината мајка, на која е благодарна за помошта и насочувањето. Секако, целиот образовен процес не бил без жртва.

„Немав секојдневна училишна работа, немав училишно фотографирање или работи кои создаваат единство меѓу врсниците “, вели таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер...

Топ4 часа

Во сообраќајката на „Водњанска“ во Скопје со повреди завршија седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар...

Македонија6 часа

Силните дождови поплавија подруми и гаражи во Охрид

Локални дождови вчера и во текот на ноќта имаше на повеќе места во државата. Регионалниот Центар за управување со кризи...

Топ9 часа

Четири возила се судрија пред Клинички центар „Мајка Тереза“, неколку лица се повредени

Сообраќајна несреќа вечерва вечерта се случи на булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје, пред влезот на Клиничкиот центар. Според првичните информации, во...

Топ21 час

Еден починат и еден тешко повреден во несреќа во лифт во Штип

Едно лице почина, а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според...

Топ1 ден

Бебе почина во болница во Охрид

Вчера во СВР Охрид, пријавено е дека во 8.10 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе. Бебето претходно...

Македонија1 ден

Вработена во МВР наплатувала по 15.000 евра за лажно посредување за социјален стан

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е...

Европа1 ден

Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на...

Топ1 ден

Нема крај на нападите од улични кучиња, полицијата во Скопје доби нови три пријави

Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно е полн со пријави за настани на граѓани каснати од улични кучиња. Такви...

Македонија1 ден

За осомничениот за убиството на братот и снаата се бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за лице...

Свет1 ден

Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила...

Свет1 ден

Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец

Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени  тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и...

Македонија1 ден

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен...

Македонија2 дена

Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот...

Македонија2 дена

Понижувани сме и навредувани, стравуваме дека прозивките ќе преминат во лични напади, реагираат Даштевски и уште петмина од ДИК

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, и членовите Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш...

Македонија2 дена

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Албанскиот премиер Еди Рама упати критики до официјална Софија и до сите ЕУ-членки што користат билатерални прашања за блокади на...

Македонија2 дена

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Кривичниот суд го добил барањето од Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари за ангажирање адвокат што ќе го застапува осомничениот...

Топ2 дена

Екстрадиран Бесим Красниќи

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата...

Македонија2 дена

„Европскиот фронт“: Ниту една влада не може да го раскине договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“

„Европскиот фронт“ смета дека е неприфатлив и невозможен чин раскинувањето на договорот со „Бехтел и Енка“. „Ниедна влада не може...

Македонија2 дена

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, негира дека тој или неговата правна канцеларија го подготвиле или учествувале во изготвувањето...