Свет
Израелската армија го обвини Дамаск за соборувањето на рускиот Ил-20
Израел ја обвини сириската влада за соборувањето на рускиот авион „Ил-20″ во провинцијата Латакија, се вели во соопштението на ИДФ, пренесува „Раша тудеј“. Израел изрази жалење за смртта на екипажот и патниците во рускиот авио, но нагласи дека владата на Башар Асад, „чија војска го собори рускиот авион”, е целосно одговорна за инцидентот.
Освен врз Дамаск, Израел ја префрли вината за несреќниот инцидент и врз Иран и Хезболах.
Во серијата твитови, ИДФ објасни дека нејзините авиони биле насочени кон сириски објект од кој системи за производство на прецизни и смртоносни оружја требало да бидат префрлени во име на Иран до Хезболах во Либан. ИДФ тврди дека оружјето е за напад врз Израел.
Израел вети дека ќе ги сподели сите релевантни информации со Русија за да го прегледаат инцидентот и да ги потврдат фактите во оваа истрага.
Израелската војска претставила првична истрага во четири точки за настаните во Латакија. Оттаму тврдат дека силниот сириски противавионски оган кој немал прецизни цели предизвикал рускиот авион да биде погоден и соборен. ИДФ претпоставува дека сириските противвоздушни батерии неселективно пукале и не се трудеа да се осигураат дека во воздухот нема руски авиони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Силен земјотрес ја погоди Турција, почувствуван и во Грција
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 21:38 часот, во западна Турција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 39,444 и географска должина 26,284.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 1о километри под површината на земјата.
Земјотресот се почувстувал и на 13 километри северно од Митимна, Грција.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Свет
Трамп ја суспендира странската помош на 90 дена
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за привремено суспендирање на сите американски програми за надворешна помош на 90 дена во очекување на ревизија за да се утврди дали тие се во согласност со неговите политички цели.
Наредбата, меѓу многуте потпишани од Трамп на неговиот прв ден од враќањето на функцијата, наведува дека „странската помошна индустрија и бирократијата не се усогласени со американските интереси и во многу случаи се спротивни на американските вредности“ и „служат за дестабилизирање на светскиот мир преку промовирање идеи во странство“.
Според тоа, Трамп изјави дека „никаква дополнителна странска помош на Соединетите држави нема да биде исплатена на начин што не е целосно конзистентен со надворешната политика на претседателот на САД“.
Државниот секретар Марко Рубио им рече на членовите на Комитетот за надворешни односи на Сенатот за време на неговото сослушување за потврдување минатата недела дека „секој долар што го трошиме, секоја програма што ја финансираме и секоја политика што ја водиме мора да се оправда со одговарање на три едноставни прашања:
„Дали ја прави Америка побезбедна? Дали ја прави Америка посилна? Дали ја прави Америка попросперитетна“.
Наредбата потпишана од Трамп му остава на Рубио да донесе такви одлуки, во консултација со Канцеларијата за управување и буџет. Стејт департментот и Агенцијата на САД за меѓународен развој се главните агенции кои ја надгледуваат странската помош.
Свет
Силен земјотрес го погоди Тајван
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 19:48 часот во Тајван.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 21.459 и географска должина 121.0699.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 23 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.