Свет
Израелската војска: Повеќето од заложниците што ги држи Хамас се живи

Израелската армија соопшти дека повеќето од заложниците што ги држи Хамас во Газа се живи.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија нови информации за статусот на заложниците и исчезнатите лица однесени од Хамас во Појасот Газа од јужен Израел откако ја нападна областа на 7 октомври, објави Си-ен-ен.
ИД соопшти дека повеќе од 20 од заложниците се на возраст под 18 години, а 10-20 од нив се на возраст над 60 години.
Израелското Министерство за одбрана соопшти дека авион со медицинска опрема за израелските одбранбени сили (ИДФ) слетал на аеродромот „Рамон“ во јужниот дел на Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Се судрија два автобуса во Хрватска

На автопатот А1 во правец кон Загреб, кај излезот Вучевица кај Сплит, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два автобуси.
Пријавата во полиција ја добила околу 13 часот и 45 минути, а на местото на несреќата веднаш биле испратени екипи на Итна медицинска помош, полиција и пожарникари, јави „Далматински портал“, пренесе „Индекс“
Нема жртви, а на шест лица ќе им биде укажана лекарска помош во болнинца (сите лица се свесни), а на останатите на кои им е потребна помош ќе им биде укажана на местото на настанот, соопшти полицијата.
Сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
Во тек е увид, по што ќе бидат познати повеќе детали, како и информации за повредените лица.
Свет
Украина: Најмалку 12 загинати во руските напади со дрон, САД да извршат притисок

Најмалку 12 лица загинаа, а 60 се повредени во напади со руски беспилотни летала и ракети низ Украина, соопштија регионалните власти и службите за итни случаи.
Државната служба за вонредни состојби наведува дека меѓу загинатите има три деца во Житомир и еден маж на околу седумдесет години во јужниот град Миколаев.
Зеленски ги повика САД да извршат притисок врз Русија.
„Без навистина силен притисок врз руското раководство, оваа бруталност нема да престане. Во тоа секако можат да помогнат санкциите. Одлучноста сега е клучот – решителноста на САД, европските земји и сите оние ширум светот кои сакаат мир“, рече Зеленски.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта противвоздушната одбрана соборила вкупно 110 украински беспилотни летала над неколку региони низ земјата.
Свет
Израелската армија пресретна ракета од Јемен, се огласија сирените

Израелската армија соопшти дека пресретнала ракета лансирана од Јемен кон Израел. Сирените се огласија во неколку области на земјата, соопшти претходно израелската војска.
Сирени се огласија и во некои делови на Ерусалим, соопштија новинарите на АФП.
Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во октомври 2023 година, јеменските Хути, кои се врзани со Иран, продолжија да истрелуваат ракети врз Израел во знак на солидарност со Палестинците во Газа. Повеќето од проектилите на таа група биле пресретнати или неуспешни. Хутите не го коментираа последното лансирање ракета.