Свет
Израелски шпионски сателит ги сними сириските тенкови, аеродромот и палатата на Башар ал Асад
По повод 30-годишнината од лансирањето на првиот израелски шпионски сателит, Министерството за одбрана денеска објави фотографии од сириски тенкови, аеродроми, како и претседателската палата на Башар ал Асад.
„Тајмс оф Израел“ ова го толкува како можна закана за сириската влада или демонстрација на сила.
#BREAKING: To mark 30 years since its first satallite launch, Israel MOD publishes images from its newest spy satellite, showing Syrian tanks, an airfield and Assad's home pic.twitter.com/6xF66LlOJi
— Amichai Stein (@AmichaiStein1) September 17, 2018
На три фотографии направени од шпионскиот сателит „Офек 11″, лансиран пред две години, покрај Народната палата, како што се нарекува, се гледаат тенкови во сириската воена база и меѓународниот аеродром во Дамаск, кој беше цел на наводниот израелски ракетен напад во саботата вечер.
Целта на нападот беше авионот што припаѓаше на Иран, кој, наводно, испорачувал оружје за силите лојални на сириската влада.
Порталот потсетува дека израелските сили досега спровеле околу 200 воздушни напади врз ирански цели во Сирија од 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.
Свет
Во Аргентина откриен нов вид диносаурус
Аргентинските палеонтолози објавија дека откриле нов вид диносаурус, наречен Chakisaurus nekul, кој живеел пред околу 90 милиони години во областа на денешна Патагонија.
Chakisaurus nekula е тревојаден диносаурус со средна големина, а фосилот е пронајден во природниот резерват Пуебло Бланко, во јужната провинција Рио Негро, каде што претходно биле пронајдени бројни остатоци од други диносауруси, цицачи и риби.
Се смета дека најголемиот чакисаурус достигнал големина од три метри во должина и 70 сантиметри во висина, а новите студии покажуваат дека овој тип на диносаурус трчал брзо и имал невообичаено закривена опашка, наведува Ројтерс.