Свет
Израел: Нема прекин на огнот додека Хамас не биде уништен
„Хамас го прекрши договорениот прекин на огнот кога уби 1.400 луѓе и се повлече назад во Појасот Газа“, изјави портпаролот на израелската влада.
На прашањето на германската ДВ дали Израел ќе се согласи на прекин на огнот во некоја фаза, Ејлон Леви рече дека тоа нема да се случи додека Хамас не биде уништен.
„Нема да размислуваме за никаков прекин на огнот, колку и да е привремен, без враќање на нашите заложници“, рече тој.
„На 6 октомври имаше прекин на огнот. Хамас го прекрши. Тој брутално уби 1.400 луѓе, а потоа се повлече назад во Појасот Газа“, додаде тој.
„Примирјето буквално ќе му дозволи на Хамас да се извлече со убиство“, рече тој и истакна:
„Израел нема да го прекине огнот додека не ги постигне своите „воени цели за уништување на Хамас за никогаш повеќе да не може да го повреди нашиот народ и никогаш повеќе да не го направи она што го направи на 7 октомври“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

