Свет
Израел одобри илјадници дозволи за доселеници на Западниот Брег
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/12/izrael-jak-sie-przygotowac-do-wyjazdu-i-jakie-atrakcje-warto-zobaczyc-fot-getty-images.jpg)
Израелската влада одобри изградба на речиси 5.700 дополнителни станбени единици за еврејските доселеници на окупираниот Западен Брег и покрај притисокот на САД да се запре проширувањето на населбите што Вашингтон ги гледа како пречка за мирот со Палестинците.
Плановите за изградба на станбени единици во разни области на Западниот Брег беа одобрени од израелскиот Врховен совет за планирање.
Повеќето земји во светот сметаат дека се нелегални населбите изградени на земјиште што Израел го доби во војната на Блискиот Исток во 1967 година. Нивното присуство е едно од основните прашања во израелско-палестинскиот конфликт. Палестинците се обидуваат да основаат независна држава на Западниот Брег и Појасот Газа со главен град Источен Ерусалим. Мировните преговори со посредство на САД се замрзнати од 2014 година.
САД се длабоко вознемирени од одлуката, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, додавајќи дека американските власти јавно и приватно му кажале на Израел дека се противат на потезите што промовираат населби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Полска: Укината е поддршката за домаќинствата кои обезбедуваат помош за украинските бегалци
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/jm.jpg)
Полските власти најавија дека од денеска ќе стапат на сила измените на законот за помош на граѓаните на Украина, а во рамките на новите регулативи полските домаќинства кои обезбедуваат засолниште за бегалците повеќе нема да добиваат финансиска поддршка од полската влада.
Досега Полјаците кои беа домаќини на Украинците добиваа по 40 злоти дневно за секој кој престојуваше во нивното сместување, пренесува Полското радио.
Заменик министерот за внатрешни работи и државна администрација Мачеј Душчик рече дека системот се укинува поради големите злоупотреби.
Свет
Невработеноста во Австрија во јуни падна на 6,2 отсто, што е најниско ниво во последните девет месеци
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/bx.jpg)
Стапката на невработеност во Австрија падна во јуни од 6,4 отсто во мај на 6,2 отсто и сега е најниска во последните девет месеци, објави денеска австриската јавна служба за вработување (АМС).
Бројот на регистрирани невработени во Австрија се зголемил за 24.700 на годишно ниво, се наведува на веб-страницата на АМС.
Невработеноста во Австрија е во согласност со трендовите во еврозоната.
Свет
Од израелскиот затвор ослободени 55 Палестинци, меѓу кои и директорот на болницата Ал-Шифа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/vc.jpg)
Неименуван функционер на палестинското Министерство за здравство во окупираниот Појас Газа потврди дека Израел денеска ослободил 55 Палестинци од заробеништво, меѓу кои и Мохамед Абу Селми, директорот на главната болница Ал-Шифа.
Мохамед Абу Селмија беше уапсен во ноември 2023 година кога израелските сили извршија рација во болницата Ал-Шифа, според АП.
Во видео изјава емитувана на палестинските медиуми по неговото ослободување, Абу Селми ги обвини израелските власти дека ги подложуваат палестинските затвореници на „секојдневно физичко и психичко понижување“, но Израел веднаш ги отфрли таквите обвинувања.