Свет
Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус
Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19.
Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој ќе се користи за првпат во болниците низ главниот град на Њу Делхи, објави Би-би-си. Во соопштението на Владата се вели дека лекот ќе биде од голема корист за луѓето кои страдаат од Ковид-19.
Сепак, некои критичари предупредуваат дека нема доволно податоци за поддршка на итно одобрување на лекот за третман против Ковид-19.
Лекот – 2-деокси-Д-гликоза или 2-ДГ – е развиен од Организацијата за истражување и развој на одбраната (ДРДО) во соработка со фармацевтската компанија „Д-р Редис“.
Резултатите од клиничките испитувања покажаа дека оваа молекула помага за побрзо закрепнување на хоспитализираните пациенти и ја намалува дополнителната зависност од кислород, објави индиската влада. Владата соопшти дека лекот ќе се користи како дополнителна терапија во умерени до тешки случаи на заболени со коронавирус.
Со повеќе од 24 милиони случаи и 270.000 смртни случаи, Индија сега е епицентар на глобалната пандемија. Болниците низ целата земја веќе немаат празни кревети за нови пациенти или кислород, додека крематориумите остануваат без простор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Гори хотел во ски-центар во Турција – најмалку 66 мртви, луѓето скокаат од прозорците
Најмалку 66 лица загинаа, а 51 се повредени во пожар што избувна во хотел во ски-центар на планината Болу во северозападна Турција.
Гостите во паника среде ноќ скокнаа од прозорците на зградата на хотелот во ски-центарот Карталкаја, изјави министерот за здравство, Кемал Мемишоглу.
Heartbreaking news from Turkey!
At least 66 lives lost after a massive fire engulfed a popular ski resort in Turkey’s Kartalkaya
.
.
.
.
.#Turkiye #Kartalkaya #GrandKartalHotel #WIONUncut #HotelFire #SkiResortDisaster pic.twitter.com/iZDafKQfay— WION (@WIONews) January 21, 2025
Пожарот избувнал околу 3.30 часот по локално време на катот на кој се наоѓа ресторанот. Зградата на хотелот „Гранд Картал“ има 12 ката, а во моментот на пожарот таму престојувале 234 гости.
Неколку противпожарни возила сè уште се пред уништената зграда.
Свет
Лавров: Претседателите на Русија и САД веќе покажаа подготвеност за контакти
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека претседателите на Русија и на САД веќе покажале подготвеност за контакти.
„Што се однесува до контактите, претседателот на Русија, Владимир Путин, на прашањето дали е подготвен за контакти, одговори позитивно, а потоа претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека има намера да контактира со претседателот на Руската Федерација во блиска иднина, така што одговорот е одамна познат“, рече Лавров на прес-конференција по разговорот со ерменскиот министер за надворешни работи, Арарат Мирзојан, пренесе „РИА новости“.
Лавров рече дека заканите на Трамп за воведување царини за БРИКС и повлекување од голем број договори укажуваат на методите што тој ќе ги користи за промовирање на интересите на САД во светот.
Тој посочи дека политиката на Вашингтон на светската сцена не се менува во зависност од тоа кој е во Белата куќа: демократите или републиканците.
„Овој интерес е секогаш да се биде посилен од кој било конкурент“, нагласи Лавров.
Трамп претходно се закани дека ќе воведе царини од 100 отсто за земјите од БРИКС доколку не се откажат од плановите за создавање алтернативна валута на доларот. Во исто време, Путин рече дека е премногу рано да се зборува за создавање единствена валута за БРИКС. Трамп исто така потпиша наредба за повлекување на САД од Светската здравствена организација (СЗО) и од Парискиот климатски договор.
Свет
Поранешната американска потпретседателка се огласи од Калифорнија: „Камала Д. Харис секогаш се бори за народот“
Поранешната американска потпретседателка Камала Харис, по враќањето во Калифорнија, рече дека најважно за неа е да им даде до знаење на луѓето погодени од пожарите во таа американска држава дека не се сами.
По посетата на противпожарната станица во Алтадена, Калифорнија, таа и нејзиниот сопруг Даг Емхоф поделиле бесплатни оброци во народната кујна, пренесува американски „Политико“.
„Ние сме некои од среќниците, нашиот дом е сè уште таму. Сакавме да излеземе и да ја видиме оваа извонредна заедница и само да им дадеме до знаење на луѓето дека ги гледаме и дека се згрижени“, рече Харис, чиј дом е во задолжителната зона за евакуација од пожари во Палисадес.
Харис не зборуваше за политика, туку повеќе ја истакна важноста на волонтерите.
„Моментите на криза навистина ги изнесуваат хероите меѓу нас“, рече таа пофалувајќи ги пожарникарите и волонтерите, кои ги загубија своите домови, но сè уште работат на помош на својата заедница.
Таа не зборуваше ниту за своите идни планови ниту, пак, одговори на новинарско прашање дали ќе се кандидира за гувернер на Калифорнија.
Веднаш по инаугурацијата, Харис ја ажурира својата официјална веб-страница објавувајќи нова фотографија и натпис „Канцеларија на Камала Д. Харис“.
Веб-страницата вклучува и линк до нејзината нова е-пошта, која гласи: „Контактирајте со поранешниот потпретседател“ и „Камала Д. Харис секогаш се бори за народот“.