Свет
Институтот за војна: На Русија ѝ се заканува сериозен политички земјотрес од тектонски размери, Пригожин сака да го собори Путин
Лидерот на руската платеничка група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, даде необично интервју, од кое аналитичарите претпоставуваат дека има план да го собори рускиот претседател.
Многубројни медиуми наведуваат дека на Русија ѝ се заканува сериозен политички пресврт потсетувајќи дека некои други елементи од јавните говори на шефот на „Вагнер“ сугерираат дека тој смислува план за соборување на Путин од власт.
Последното интервју на Пригожин, кое аналитичарите го нарекоа чудно, беше дадено за руските новинари од РТ и „РИА новости“ на 14 март и објавено од неговата Федерална новинска агенција.
Институтот за проучување на војната (ISW) наведува дека интервјуто вреди да се забележи поради неговиот необичен формат и дека Пригожин се чини дека го имитира начинот на кој Владимир Путин ги снима своите јавни настапи, со претходно подготвена кореографија. Имено, Пригожин седел на масата, а интервјуто било врамено на ист начин како што се врамени разговорите на Путин со многубројни функционери.
„Тој го прави ова со цел да го исмее Путин или можеби суптилно да сугерира дека има поголеми политички амбиции“, тврди ISW мислејќи на претстојните претседателски избори во Русија во 2024 година.
Исто така, се проценува дека овој филмски стил е невообичаен за Пригожин бидејќи тој не користи толку стерилен формат во своите јавни видеонастапи, најчесто снимајќи некаде надвор во униформа.
Пригожин исто така го искористи ова интервју за да ги повтори своите претходни аргументи за потребата да се всади тврдоглава идеологија во руските борци и инсинуира дека руското Министерство за одбрана намерно конфискува артилериска муниција од групата „Вагнер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хилари Клинтон: Не се сеќавам дека некогаш сум се сретнала со Епстин
Хилари Клинтон денес изјави пред конгресниот комитет дека не се сеќава дека некогаш се сретнала со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин и дека нема информации да сподели за неговите криминални активности.
„Не се сеќавам дека некогаш сум се сретнала со господин Епстин. Никогаш не сум летала со неговиот авион, ниту сум ги посетила неговите острови, домови или канцеларии. Немам што да додадам на тоа“, рече 78-годишната Клинтон во изјава пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом. Таа и нејзиниот сопруг, поранешниот демократски претседател Бил Клинтон (79), првично одбија да сведочат пред комитетот, но попуштија кога пратениците поднесоа обвиненија за непочитување на судот, објави „ХИНА“.
Бил Клинтон треба да сведочи пред комитетот утре. Пред сослушувањето, претседателот на Комитетот за надзор Џејмс Комер од Кентаки, републиканец, негираше дека истрагата е партиски напад врз претседателскиот ривал на Трамп во 2016 година, истакнувајќи дека неколку демократи исто така инсистирале Клинтонови да сведочат.
Тој додаде дека комисијата ќе се обиде да дознае повеќе за каков било контакт што можеби го имала со Епстин, неговата вмешаност во хуманитарната работа на Клинтонови и каков било однос што можеби го имала со затворената соработничка на Епстин, Гислен Максвел.
Името и сликите на Бил Клинтон се појавуваат во документи поврзани со истрагите за Епстин. Сепак, самото споменување не значи ништо. Поранешниот претседател постојано негираше каква било незаконитост во врска со неговото познанство со Епстин, објави ДПА.
Со години, Епстин управуваше со синџир на злоупотреба во кој десетици млади жени и малолетници беа жртви. Финансиерот од Њујорк имаше одлични врски во американското високо општество. Почина во својата затворска ќелија во 2019 година, пред да биде осуден, пренесуваат агенциите.
Свет
Деветгодишно девојче скокнало од балкон во Германија: мајката и се заканувала со нож
Во Бремен, Германија, вчера попладне, мајка ѝ се заканувала на својата деветгодишна ќерка со нож, повредувајќи ја.
Девојчето од страв побегнало на балконот и се фрлила од првиот кат на зградата, соопшти полицијата. Трагедијата ја спречил сосед кој ја фатил, објавува „Шпигел“.
Според полицискиот извештај, 62-годишен сосед ја гледал ситуацијата од прозорецот и успеал да го фати девојчето додека паѓало. Полицијата потврдила дека девојчето претрпело само полесни повреди. Сè уште не е познато зошто се случила таква ситуација во семејниот стан.
Полициските сили кои излегле на местото на настанот ја уапсиле 38-годишната мајка. Се тврди дека жената имала ментални проблеми и е сместена во клиника на лекување. Девојчето е згрижено и е кај нејзиниот татко.
Свет
Силен земјотрес регистриран во Романија
Земјотрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во 18:21 часот во Романија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во област со географски координати на географска ширина 45,8336 и географска должина 26,7157.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 120 километри под површината на земјата.
Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

