Европа
Институтот за војна: Русите бавно напредуваат, можеби ќе сакаат да ја вклучат и Молдавија во војната

Во извештајот на Институтот за војна за состојбата на боиштето во Украина се вели дека Русите бележат мали, но постојани успеси во источна Украина.
Во ова, како што стои во објаснувањето на Институтот, најмногу им помага силниот артилериски оган од заднина. Се додава дека Русите во последните 24 часа окупирале неколку помали села и градови.
Исто така, Русите донесоа нови сили и забележаа помал успех на бојното поле кај Изум. Што се однесува до Мариупол, тој очигледно сè уште не паднал. Украинската страна во последните денови соопшти дека Русите и покрај најавата на Путин дека повеќе нема да има борби, жестоко го бомбардираат „Азовстал“ и дека на некои места во близина на челичарницата има дури и улични тепачки. Ова е запишано и во извештајот на Институтот за војна.
„Интересна е и ситуацијата околу Херсон. Руските сили, пишува ISW, се подготвуваат за напад со цел да ги избркаат украинските сили од градот и да го окупираат целиот регион. Но, украинскиот контранапад во голема мера ја наруши руската акција во областа. Со недели се зборува за тоа како Москва ќе формира сепаратистичка Народна Република Херсон по моделот на двете сепаратистички провинции на исток“, се додава во извештајот.
Исто така, во последните денови многу се зборува за ситуацијата во Молдавија. „Кремљ можеби се подготвува да го внесе Приднестровје во војна со цел да ја дестабилизира Молдавија и да изврши дополнителен притисок врз НАТО“, пишува ISW.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин