Европа
Институтот за проучување на војната: Русија регрутира поранешни членови на „Вагнер“
Руското Министерство за одбрана регрутира поранешни членови на групата „Вагнер“ за сопствени поврзани приватни воени компании, според Институтот за проучување на војната.
Институтот цитира руски воен блогер кој тврди дека поранешните „вагнерци“, кои ја напуштиле организацијата со Андреј Трошев по бунтот на Евгениј Пригожин, сега се приклучиле на приватните воени компании „Редут“ и „Волонтерски корпус“ поврзани со Министерството за одбрана. Блогерот исто така тврди дека овие поранешни трупи на „Вагнер“ почнале да се движат со своите нови единици во областа Бахмут во Украина.
Elements of #Russia‘s 42nd Motorized Rifle Division are increasingly counterattacking near Novoprokopivka, suggesting that UKR counteroffensive operations may have degraded relatively more elite RU Airborne elements that were responsible for counterattacking in the area. (1/2) https://t.co/jEkpB8Xapc
— ISW (@TheStudyofWar) September 27, 2023
„Воен блогер тврди дека Трошев се обидува да регрутира персонал на ‘Вагнер’, кој моментно работи во Белорусија, Африка и на Блискиот Исток за приватни компании поврзани со руското Министерство за одбрана“, додаде Институтот.
Што се однесува до трупите на „Вагнер“, кои сè уште се поврзани со организацијата, блогерот посочи дека новиот шеф на платеничката група е Антон Јелизаров – и дека тој преговара со Руската национална гарда (Росгвардија) за вклучување на единиците на „Вагнер“ во нејзините редови. Според блогер цитиран од Институтот, преговорите не напредуваат поради несогласувањата во врска со договорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.