Европа
Информација на социјалните мрежи – „Русите масовно купуваат билети за да избегаат од земјата“
Рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање утринава најави делумна воена мобилизација во земјата, таа наводно ги поттикнала руските граѓани масовно да ја напуштат земјата.
Раџип Сојлу, турски новинар, пишува на „Твитер“ повикувајќи се на локалните медиуми дека директните летови од Москва до Истанбул, Ереван и други места се веќе распродадени.
Meanwhile direct flights from Moscow to Istanbul, Yerevan and other places are selling out. Some already are sold out, per local media reports
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) September 21, 2022
Слична информација сподели и неформалната група на граѓани „Руси, Белоруси, Украинци и Срби заедно против војната“, создадена како акција против агресијата на Путин врз Украина, кои тврдат дека веќе нема доволно билети за постојните летови од земјата!
Денеска, останува само еден лет од Москва до Ереван. Билетите за Истанбул и Тбилиси се веќе распродадени, посочуваат оттаму.
Веб-страницата на Руските железници наводно е блокирана поради големиот број обиди за купување билети за бегство од земјата.
Казахстанските профили на „Твитер“ пишуваат и дека по најавата на Путин за делумна мобилизација, почнало масовното купување авионски билети. Како што се наведува, речиси сите билети на релација Москва – Астана се закажани за следните денови.
After the appeal of Russian President Vladimir Putin, people began to buy air tickets to other countries en masse
There are almost no tickets left from Moscow to Astana for upcoming dates. pic.twitter.com/OhnhslpjPJ
— The Truth of Kazakhstan (ORDA.KZ Media) (@Ordakazakhstan_) September 21, 2022
Треба да се напомене дека и синоќа, кога се очекуваше говорот на Путин, кој на крајот беше одложен за утрово, на руските интернет-прелистувачи најкористена фраза беше „како да се напушти Русија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.