Свет
Инцидент во авион: Британец нападнал членови на екипажот и патници, удирал по седишта и прозорци

Британец кој патувал од Лондон до Лос Анџелес, во авионот на компанијата „Вирџин Атлантик“ предизвикал инцидет.
Вилијам Стивен Хејс (39) е уапсен под сомнение дека ги нападнал членовите на екипажот, поради што летот бил пренасочи кон Солт Лејк Сити.
Во соопштението на полицијата во Солт Лејк Сити се наведува дека авионот слетал во Јута откако Хејс се вознемирил за време на летот, што предизвикало интервенција на екипажот, кој морал да го задржи.
Додека бил врзан, Хејс ги удирал седиштата и прозорците на авионот и повредил некои членови на екипажот и еден патник, се вели во соопштението, додавајќи дека никој не е сериозно повреден.
По слетувањето во Солт Лејк Сити, Хејс бил одведен во окружниот затвор, а полицијата соопштила дека случајот бил предаден на федералните обвинители, кои обично имаат јурисдикција за меѓународни летови. Авионот потоа го продолжил летот за Лос Анџелес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Финскиот претседател: Украина не смее да ја повтори нашата судбина по Втората светска војна

Претседателот на Финска, Александар Стуб, изјави дека Украина не смее да ја доживее судбината на Финска по Втората светска војна, кога беше принудена да се прилагоди на новата безбедносна реалност.
Во интервју за францускиот весник „Л’Експрес“, Стуб нагласи дека поддржувачите на Киев нема да дозволат да се повтори такво сценарио.
„Ова не треба да се случи. Украина не треба да се најде во истата ситуација во која се најдовме ние по Втората светска војна. И сигурен сум дека нема да дозволиме тоа да се случи“, рече финскиот лидер.
Тој додаде дека првиот чекор во решавањето на кризата е постигнување прекин на огнот, по што би следувале преговори за териториите.
Во претходните изјави, финскиот претседател нагласи дека добро ги познава руските позиции, но нагласи дека Финците не се плашат од соседството со Москва и дека се чувствуваат „непоколебливо“.
Фото: принтскрин
Свет
Медведев за безбедносните гаранции кон Украина: Тоа е чиста глупост, потребно е да се консултира Русија

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денес изјави дека пред да се презентираат какви било предлози за безбедносни гаранции за Украина, потребно е да се консултира со Русија.
„Еве ги од Коалицијата на доброволните, се собираат и дискутираат какви гаранции да ѝ дадат на Украина.
Дали нè прашаа нешто? Ако има конфликт, ако е во тек специјална воена операција, тогаш пред да дадат какви било предлози, треба да се консултираат со нас“, изјави Медведев за новинарите додека ја обиколуваше руско-финската граница, пренесува РИА Новости.
Медведев рече дека Русија мора да ја зголеми сигурноста на заштитата на државната граница и да обезбеди соодветна опрема. „Секако треба да ја зголемиме сигурноста на заштитата на државната граница и да обезбедиме соодветна опрема.
За ова разговаравме со гувернерите на пограничните региони“, рече Медведев и предупреди дека балтичките земји, Финска, Норвешка и Полска ги зголемуваат воените активности во близина на руска територија.
Зборувајќи за предлозите за Украина презентирани од земјите од „таканаречената коалиција на доброволците“, Медведев изјави дека нивните предлози нема да имаат никаков ефект. Состанокот на коалицијата на добронамерните се одржа во четврток во Париз во мешан формат под претседателство на британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон, а германскиот канцелар Фридрих Мерц учествуваше на тој состанок преку видео врска.
Францускиот претседател потоа рече дека 26 земји ветиле дека ќе распоредат сили за одвраќање во Украина по воспоставувањето на прекинот на огнот.
„Ми се чини дека ова е едноставно несоодветно.
Тоа е чиста глупост. Она што го прават е таква ерес“, рече Медведев како одговор на прашање од РИА Новости за состанокот на лидерите во Париз, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин
Свет
Едногодишно момче пронашло дрога во парк во Германија и ја проголтало

Едногодишно момче завршило во болница откако пронашло и проголтало дрога во паркот.
Мајката сакала да помине безгрижно попладне со својот син, но посетата на игралиште во Германија завршила на интензивна нега за едногодишното дете.
Инцидентот се случил на игралиште во Волфенбател (Долна Саксонија), како што објавија властите. Попладнето, жената била на игралиштето со две мали деца, кога едно и полгодишното момче несвесно дошло во контакт со дрога во текот на попладневните часови.
Кога таткото пристигнал на игралиштето околу два часа подоцна, детето веќе се однесувало чудно. Покрај тоа, откако го напуштило игралиштето, тоа покажувало „јасни знаци на апатија, губење на апетит и силна фиксација на играчката“, соопшти полицијата.
На пат кон дома, момчето повраќало во автомобилот и исплукало супстанца слична на пластика. Родителите веднаш реагирале и го однеле детето во болницата во Брауншвајг, каде што било примено на одделението за интензивна нега. Лекарите се сомневале на акутно труење.
Тестот на урина на крајот покажал позитивен резултат за разни тешки дроги. Според полицијата, тие вклучувале кокаин, амфетамини, МДМА и екстази. Дополнителен тест на крвта, за да се потврди и квантифицира присуството на супстанции, сè уште е во тек.
Четири дена по инцидентот, момчето сè уште е на одделението за интензивна нега кај деца. Неговиот живот не е во опасност, потврди портпаролката на полицијата Лина Хајдрих.
Игралиштето било затворено по инцидентот и пребарано со кучиња обучени за откривање дрога, но пакетите не биле пронајдени.
Областа никогаш порано не била поврзана со злосторства поврзани со дрога, изјави полицијата за „Билд“.
Фото: принтскрин