Контакт

Вести

Иранскиот претседател Роухани во земјите од Персискиот залив за надминување на несогласувањата

Објавено пред

Иранскиот претседател Хасан Роухани допатува во средата во Оман, првата станица на неговата кусата посета на земјите од Персискиот залив во текот на којашто треба да го отстрани несогласувањата меѓу шиитски Иран и арапските сунитски монархии богати со нафта во Персискиот залив.

dobivaj vesti na viber

Во Мускат иранскиот претседател Хасан Роухани беше пречекан од оманскиот султан Канус со кој потоа разговараа за билатералните врски и состојбата во регионот, изјави оманската новинска агенција ONA.

Иран веќе вообичаено има добри односи со султанатот Оман со кои заедно го контролираат стратешкиот поморски теснец Ормуз.

Иранскиот претседател по Оман ќе го посети Кувајт кој неодамна испрати свој претставник во Техеран за да го поттикне продолжувањето на дијалогот меѓу шиитскиот и арапските монархии во Персискиот залив.

Особено се затегнати односите со Саудиска Арабија, галваната сунитска монархија во Персискиот залива. Овие две регионални сили ги поддржуваат спротиставените завојувани страни во Сирија и во Јемен, главно по религиска основа.

Саудиска Арабија во јануари 2016 година ги прекина дипломатските односи со Иран, по нападот врз неговите дипломатски претставништва во Техеран, во безредијата по саудиското обезглавување на шиитски проповедник на чиешто ослободување повикуваа иранските челници. Пота беа прекинати и економските и трговските врски и сите летови меѓу двете земји.

Роухани пред заминувањето на кусата турнеја за иранските медиуми изјави дека преку кувајтскиот претставник кој престојуваше во Техеран, примил порака од шест земји во Персискиот залив кои сакаат да ги отстранат „несогласувањата“ со Иран. Рече дека добрососедските односи и безбедноста во Персискиот залив се основи на политиката на неговата земја.

„Иран никогаш никого не нападнал и не сака да се меша во внатрешните односи на која и да е земја, ниту да им ги наметнува своите верски или политички уверувања“, рече Роухани./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Таткото на Фросина: Судот ги скри клучните сведоци кои биле во возилото со Васил, едниот снимал, па ја избришал снимката

Дванаесет години казна е награда за ова најбрутално убиство во сообраќајот, изјави таткото на усмртената Фросина, Тодор Кулаков. Тој повика...

Македонија1 час

Дванаесет години затвор за Васил Јованов, кој ја усмрти Кулакова на пешачки премин

Судот изрече 12 години затворска казна за 20-годишниот Васил Јованов, кој смртно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин. Во...

Македонија3 часа

МВР со апел до граѓаните: Внимавајте на лажни е-пораки – фишинг-линкови, се злоупотребуваат имињата на повеќе македонски компании

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатира зачестена појава на таканаречени...

Европа4 часа

Со какви санкции му се заканува ЕУ на Путин?

Главните европски сојузници на Украина ја повикаа Русија на безусловно 30-дневно примирје и се заканија со нови санкции, според заедничкото...

Македонија4 часа

Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци. Поради незгодата од 07:30...

Свет5 часа

(Видео) Трамп: ЕУ игра повалкано од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно ја нападна Европската Унија, велејќи дека е полоша од Кина во многу аспекти, само...

Свет5 часа

Кинескиот претседател по договорот со Трамп: Малтретирањето води до самоизолација

Кинескиот лидер Кси Џинпинг ги осуди малтретирањето и хегемонијата во своето прво јавно појавување откако САД и Кина постигнаа привремен...

Македонија5 часа

Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое...

Свет6 часа

(Видео) Трогателна средба: Еден Александар го прегрнува своето семејство откога Хамас го ослободи

Израелско-американскиот заложник Еден Александар се врати на своето семејство во Израел откога помина 19 месеци во заробеништво на Хамас во...

Европа6 часа

Ултиматумот на Европската Унија до Путин и Русија истече

Украина и европските лидери се согласија на безусловно примирје во траење од 30 дена, почнувајќи од 12 мај, со поддршка...

Македонија15 часа

Одиме во опозиција, доколку има сомнежи во тие што се во Владата, нема што да бараме таму, соопшти Таравари

Минатата година со гордост ја донесовме промената во албанскиот блок после 20 години и за тоа сме многу гроди, изјави...

Свет17 часа

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе отпатува во Истанбул на мировни преговори и дека е подготвен да се сретне...

Свет18 часа

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Зapaдната стратегија насочена кон уништување на Русија не успеа, санкциите не ја постигнаа својата цел, а Русија ја спречи Украина...

Македонија24 часа

Левицата предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот, знамето и химната: МВР реагира за сквернавење, но не влегува во канцеларии

Партијата Левица оваа недела ќе поднесе предлог-закон за формирање инспекторат за употреба на грбот, знамето и химната на државата, како...

Македонија1 ден

Мицкоски: Државата беше во слободно паѓање, ни требаше стабилизација во оваа прва година

Премиерот, Христијан Мицкоски, на денешниот Самит 2025 во организација на „Македонија 2025“ истакна дека првиот ден од стапување на функцијата...

Економија1 ден

Се зголемуваат цените на бензините, се намалува на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

„ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции...

Свет1 ден

Масовни апсења деца во Европа, планирале терористички напади врз концертни сали и верски објекти

Вештачката интелигенција, колку и да е корисна, е сè повеќе фактор во радикализацијата на младите луѓе, што го покажуваат случаите...

Свет1 ден

САД и Кина постигнаа договор

САД И Кина се согласија за значително намалување на царините за стоките меѓусебно за период од 90 дена, по разговорите...

Македонија1 ден

Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата не може да биде под минималната во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест. „Полициската...