Свет
Иранци пиеле метанол против короната, повеќе од 700 лица починале и повеќе од 5.000 се отруле
Лажното верување дека метанолот може да излекува од коронавирус уби повеќе од 700 Иранци, соопштија властите.
Хосеин Хасанијан, советник на министерот за здравство, рече дека ова е причината зошто податоците за бројот на починати во Иран се разликуваат. Жртвите од труење со метанол починале надвор од болниците.
„Речиси 200 луѓе починаа надвор од болниците“, рече Хасаниан.
Бројот на смртни случаи предизвикани од труење со алкохол се зголеми 10 пати во изминатата година во Иран, се наведува во соопштението на владата во извештајот објавен во април во моментите на пандемијата на коронавирусот.
Помеѓу 20 февруари и 7 април 728 Иранци умреле од труење со алкохол. Минатата година од истата причина починале 66 лица.
Министерот за здравство, Кијануш Јаханпур, во телевизискиот пренос рече дека 525 луѓе починале од труење со метанол заклучно со 20 февруари. Тој додаде дека дури 5.011 лица биле отруени со метанол во тој период.
Речиси 90 од нив го изгубиле видот или претрпеле оштетување на видот од труење со алкохол. Хасанијан вели дека бројот на луѓе што го изгубиле видот е веројатно многу поголем.
Иран е најголемото жариште на коронавирус на Блискиот Исток со 5.806 лица починати од почетокот на пандемијата и со над 91.000 потврдени случаи на заболени.
Консумацијата на алкохол е забранета во Иран, но метанолот може да се најде во други форми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.
Свет
Рјабков: Русија нема доверба во НАТО
Геополитичките проекти со НАТО сега се невозможни, Москва нема доверба во Алијансата и кај нас предизвикува политичка и емотивна одбивност, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
„Геополитички дизајн од секаков вид со НАТО е невозможен. НАТО не е пандан способен за преговори, тоа е групација во која не само што немаме ни најмала доверба, туку ни предизвикува политички и, дури би рекол, емотивна одбивност“, рече Рјабков во интервју за ТАСС.
Тој посочи дека Русија ќе работи со оние „кои се подготвени да преговараат на еднаква основа“.
„Големиот евроазиски простор, концептите на евроазиската безбедност, се она што доаѓа во центарот на вниманието на архитектонските проекти во однос на политиката и геополитиката. Според нас, тоа е она на што пред се треба да се фокусираме“, посочи Рјабков.