Свет
Иран го зголемува спектарот на балистички ракети
Амир Хаџизадех, командант на Иранската револуционерна гарда, денеска изјави дека спектарот на ирански балистички ракети „копно-море” се зголемил на 700 километри, објави „Ројтерс“.
Агенцијата вели дека Хаџизадех ваквата вест ја објавил во момент кога растеле тензиите меѓу Иран и САД за нови санкции.
„Ние успеавме да обезбедиме балистички ракети ‘копно-море’, кои можат да погодат кој било брод или некој друг објект во растојание од 700 километри”, ваквата изјава на Хаџизадех ја пренесува и иранската агенција „Фарс“.
„Ројтерс“ пишува дека Иран се заканил дека ќе се вмеша во транспортот на нафта преку Персискиот Залив, ако Вашингтон се обиде да го спречи Техеран во извозот на нафта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

