Свет
Иран го надмина дозволеното збогатување ураниум

Портпаролот на иранската нуклеарна агенција, Бехроз Камалванди изјави дека Иран збогатил 370 килограми ураниум на ниво од 4,5 отсто, што претставува кршење на ограничувањата од нуклеарниот договор од 2015 година, склучен со светските сили.
Според договорот, на Иран му е дозволено да збогати 300 килограми ураниум, максимум до 3,67 отсто.
Изминатите месеци, Техеран орача дека ќе се повлече од некои обврски, по напуштањето на договорот од страна на САД и воведувањето санкции против Техеран.
Европските држави, кои се против американското повлекување, се обидуваат да го убедат Иран да го почитува договорот. Но Техеран истакна дека со третата фаза од повлекувањето ќе почне во септември и ќе збогатува ураниум на 20 отсто.
Со договорот од 2015 година се настојува да се спречи високо ниво на збогатување ураниум, бидејќи тоа може многу брзо да доведе до развој на нуклеарно оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Драма во небото: птица го скрши носот на авион, принудно слета во Мадрид

Патнички авион на „Ербас“ е приземјен откако беше тешко оштетен во удар од птица при полетување од шпански аеродром, објавува „Дејли мејл“.
Летот IB579 на „Ибериа“, кој требаше да полета од Мадрид за Париз денес попладне, мораше да се врати на аеродромот Адолфо Суарез Мадрид-Барахас бидејќи удри во голема птица при полетување.
🔴 Un avión de Iberia que cubría la ruta entre Madrid y París aterriza de emergencia en Barajas tras los daños causados por el impacto de un pájaro. Tanto los pasajeros como la tripulación resultaron ilesos https://t.co/h02ke61pDZ pic.twitter.com/EgR9IkjKUC
— Europa Press (@europapress) August 4, 2025
Фотографиите од аеродромот покажуваат дека носот на авионот е сериозно оштетен, а дел од материјалот на предниот дел целосно отпаднал.
#BREAKING: Terrifying pictures show huge damage to front of Airbus ( Iberia Airbus A321-253NY) struck by bird after taking off from Spain
Flight IB579 to Paris Orly Airport returned approximately 20 minutes after departure from Madrid. pic.twitter.com/I4zSjhj1aP
— JUST IN | World (@justinbroadcast) August 3, 2025
Според подаатоците на „Флајтрадар“ авионот направил краток круг над Мадрид пред да слета, нешто повеќе од еден час по полетувањето.
Свет
Кремљ: Путин е подготвен да разговара со Зеленски

Претседателот на Русија, Владимир Путин, е отворен за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но само откако на стручна основа ќе се одржат подготовителни разговори, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.
Песков истакна дека подготовките за таков состанок сè уште не започнале. Додаде дека не е исклучена можноста Путин оваа недела да се сретне со посебниот претставник на претседателот на САД, Стив Виткоф.
„Разговорите продолжуваат, а САД и натаму вложуваат напори како посредник во барањето решение за украинскиот конфликт. Тие напори се важни, особено поради долготрајниот застој во директните преговори меѓу Русија и Украина. Работиме на тоа и остануваме на ставот дека најдобар исход за нас е политичко и дипломатско решение на украинското прашање“, рече Песков.
Путин претходно изјави дека ја поддржува идејата за долготраен мир во Украина, додавајќи дека сите досегашни разочарувања во преговорите се резултат на преголеми очекувања.
Тој ги повтори и своите услови за прекин на војната: неутрален статус на Украина, откажување од членство во НАТО и повлекување на украинските сили од Донецк, Луганск, Херсон и Запорошка област.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена за средба со рускиот врв на највисоко ниво доколку Москва навистина сака да ја заврши војната и да постигне траен мир.
Свет
Украина: Нападнавме аеродром на Крим, штетата се мери во десетици милиони долари

Украинската безбедносна служба (СБУ) соопшти дека извршила напад врз руската воена база Саки на Крим, при што, според нивните тврдења, целосно бил уништен еден борбен авион од типот Су-30М, а биле оштетени уште четири бомбардери од типот Су-24.
Според соопштението на СБУ објавено на Телеграм, погодено било и руско складиште за авионско вооружување. Вкупната проценета штета за руската страна, според нив, изнесува десетици милиони долари.
„Успешната специјална операција на СБУ во Саки е уште еден чекор кон ослабување на способноста на непријателот да води агресивна војна против Украина. Окупаторите мора да знаат дека никогаш нема да се чувствуваат безбедно на нашата земја!“, се вели во соопштението на СБУ.
Аеродромот Саки се наоѓа во западниот дел на Крим, кој е под руска окупација од 2014 година, и често служи како база за воздушни напади врз украинска територија.