Свет
Иран создава заеднички гранични реакциски сили со Пакистан
Иран и Пакистан ќе создадат заеднички сили за реакција на границата меѓу двете земји, рече иранскиот претседател Хасан Рохани за време на дводневната посета на Иран на покана од пакистанскиот премиер Имран Кан, прва во неговиот мандат, пренесува РТ.
Иран и Пакистан делат 959 км копнена граница. Техеран со години се жали на континуирани напади од пакистанските милитанти врз иранските безбедносни сили, а последниот инцидент беше во февруари.
Идните сили ќе имаат цел да ја зајакнат безбедноста на границата и да ги поттикнат билатералните врски меѓу Иран и Пакистан.
Во самоубиствениот напад во февруари загинаа 27 припадници на Револуционерната гарда во провинцијата Систан-Балучистан во Иран. Рохани минатиот месец побара одлучни мерки од Пакистан за борба против антииранските терористи на својата територија.
Сунитката џихадистичка група Џаис ал-Адл (Армијата на правдата), која Техеран ја обвини за бомбашкиот напад врз иранските вооружени сили, е обвинета и од страна на Пакистан за таргетирање на пакистанските војници во својата провинција Балучистан минатата недела. Напаѓачите убија 14 припадници на безбедносните сили.
Пакистански официјални лица изјавија дека базата на поддршка на групата се протега на иранската погранична територија, каде што милитантите имаат тренинг и логистички кампови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

