Свет
Иран ја одби помошта на Трамп: „Не ни требаат респиратори од САД“
Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, денеска ја отфрли понудата на американскиот претседател, Доналд Трамп, за испраќање на помош од Техеран во форма на респиратори.
Како што пренесе ТАСС, Зариф истакнал дека Иран веќе има доволно респиратори.
„Иран ќе извезува респиратори за неколку месеци. Сè што треба да сторите е да престанете да мешате во работите на другите земји, особено на мојата земја“, напиша Зариф на својот профил на Твитер.
Iran will be EXPORTING ventilators in a few months, @realdonaldtrump.
All you need to do is stop interfering in the affairs of other nations; mine especially.
And believe me, we do not take advice from ANY American politician.
— Javad Zarif (@JZarif) April 19, 2020
„И верувајте ми, ние не ги прифаќаме советите на ниту еден американски политичар“, додаде Зариф.
Бројот на заболени од коронавирус во Иран во моментов изнесува 82.000 лица, со најмалку 5.118 починати, пренесува агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пелегрини за Фицо: Лекарите не планираат нови операции, тој останува на интензивна нега
Лекарскиот совет во болницата во словачкиот град Банска Бистрица најверојатно ќе се состане в понеделник кога треба да одлучи за понатамошното лекување на премиерот Роберт Фиц, врз кој беше извршен атентат во средата, изјави новоизбраниот претседател Петер Пелегрини.
Словачкиот премиер Роберт Фицо ќе остане на интензивна нега, соопшти денеска владата на земјата, пренесува Ројтерс.
Тој во четвртокот го посети Фиц, по што изјави дека лекарите кои се грижат за него не планираат нови операции, пренесува словачкиот портал Правда.
Регион
Томислав Николиќ имаше сообраќајна несреќа
Томислав Николиќ, поранешен претседател на Србија и директор на Националниот совет за координација со Руската Федерација и Народна Република Кина, утрово доживеа сообраќајна несреќа.
Несреќата се случила утрово околу 9.15 часот, а Николиќ бил во службеното возило „ауди А8“, пренесува српски „Курир“.
Автомобилот го управувал возачот на Николиќ. Во несреќата нема повредени.
Свет
(Видео) Украинците објавија снимки од жестоки улични борби за важен град на северот
Украинската гранична стража објави снимка од жестоки борби за стратешки важниот град Вовчанск на североистокот на земјата, во областа Харков.
Борбите за тој град траат веќе една недела, откако руските сили почнаа ненадејна копнена офанзива преку границата. Во него тие зазедоа десетина села во регионот на Харков, но градот Вовчанск, кој беше речиси целосно евакуиран, сè уште се држи.
Русите тврдат дека во градот влегле од два правци за да воспостават позиции, а Украинците тврдат дека ги туркаат назад и го стабилизираат фронтот. Очигледно, најголем дел од борбите се водат во областа Вовчанск.