Свет
Иран ќе го зголеми капацитетот на објектот „Натанц“
Инцидентот што се случи синоќа не го запре процесот на збогатување ураниум во иранскиот нуклеарен објект „Натанц“, рече денеска потпретседателот на земјата, Али Акбар Салехи, кој е на чело на Организацијата за атомска енергија на Иран, посочувајќи на плановите за зголемување на капацитетот на објектот, пренесува ТАСС.
„Вчерашниот инцидент во објектот ‘Шахид Ахмади Рошан’ не го запре процесот на збогатување, објектот се префрли на итно снабдување со електрична енергија“, рече Салехи.
Според него, објектот „Натанц“ ќе продолжи да работи и неговиот капацитет ќе се зголеми 50 отсто. Тој додаде дека властите за неколку дена ќе ги заменат оштетените центрифуги со помоќни.
Техеран вчера соопшти дека нуклеарниот објект „Натанц“ бил погоден од прекин на електричната енергија. Салехи го опиша инцидентот како чин на нуклеарен тероризам.
Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф, пак, посочи на вмешаноста на Израел во инцидентот во пкстројката.
„Њујорк тајмс“ цитира американски и израелски разузнавачи, кои изјавиле дека Израел, односно Мосад, имал улога во инцидентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.

