Свет
Истанбул: Прогласена автокефалност на Украинската православна црква
Духовниот водач на Православната црква, патријархот Вартоломеј, денеска формално во Истанбул ја гарантираше независноста на Украинската православна црква (УПС), со што се одбележа историското одвојување од Русија по повеќе од 330 години.
Декретот со кој се гарантира автокефалноста е потпишан од екуменскиот патријарх Бартоломеј и првиот човек на УПЦ, метрополитот Епифание и со украинскиот претседател Петро Порошенко во црквата Свети Ѓорѓи во Истанбул.
Со создавањето на независна украинска православна црква на церемонијата во Турција се формализираше одвојувањето од руската црква, со која е поврзана од 1686 година. Со одлуката на
патријархот Вартоломеја се отповикува 332 години старата одлука за ставање на Украина под закрила на Московската патријаршија, пренесува агенцијата Ројтерс.
Агенциите наведуваат дека екуменската патријаршија, како седиште на духовниот водач на околу 300 милиони православни христијани ширум светот, во октомври минатата година го поддржа украинското барање за автокефална црква.
На чело на УПЦ ќе биде 39-годишниот метрополит Епифание, а украинскиот претседател Петро Порошенко овој потег го споредува со украинскиот референдум за независност од Советскиот сојуз во 1991 година.
Патријархот московски и цела Русија Кирил предупреди во декември дека формирањето на автокефална црква во Украина и ,,прогонот на канонските украински православни цркви” може да предизвика последици опасни за целиот свет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Израел погодил два ирански борбени авиони
Израелското воено воздухопловство погодило два борбени авиони – Ф-5 и Ф-4 – на аеродромот во Табриз, на западот од Иран, додека, како што се наведува, кусо пред нападот се подготвувале за полетување.
Во соопштението на израелската војска, придружено со видеоснимка од нападот, се истакнува дека ударот бил изведен со цел да се ослабат активностите на иранското воено воздухопловство и дополнително да се намалат способностите на режимската противвоздушна одбрана.
🎯STRUCK: Two F5 and F4 fighter jets at the airport of Tabriz in western Iran, as the jets were prepared for takeoff
The strike was conducted to degrade the Iranian Air Force’s activities and to further expand the degradation of their aerial defense. pic.twitter.com/lEvpyiPI5M
— Israel Defense Forces (@IDF) March 1, 2026
Фото: Израелски одбранбени сили
Европа
Фон дер Лајен по нападите врз Иран: Постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Хамнеи
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.
„Мораме да се осигураме дека иднината е нивна за тие да ја бараат и обликуваат. Истовремено, овој момент носи вистински ризик од нестабилност што би можела да го турне регионот во спирала на насилство“, напиша Фон дер Лајен на Х.
„Блиску соработуваме со сите клучни актери, како и со нашите регионални партнери, за да ја зачуваме стабилноста и безбедноста и да ги заштитиме животите на цивилите“
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА

