Свет
Истражување: Вакцините против новата варијанта на Ковид нудат подобра заштита
Ажурираните вакцини за Ковид-19 нудат зголемена заштита од нови варијанти кај луѓе кои претходно примиле до четири дози од постарата вакцина, покажа американско истражување.
Студијата опфати повеќе од 360.000 луѓе и беше објавена во Неделен извештај за морбидитет и морталитет (MMWR), неделен епидемиолошки преглед објавен од Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
Студијата ги нуди првите докази дека новите вакцини од Фајзер и Модерна обезбедуваат подобра заштита во споредба со оригиналните вакцини.
Од нивното воведување во септември, бустерите кои ги содржат оригиналните и омикронските BA.4/5 варијанти на коронавирусот, обезбедија поголема корист за помладите возрасни на возраст од 18 до 49 години отколку за оние во постарата возрасна група.
Кога се давале на растојание од осум или повеќе месеци, релативната ефикасност на новите засилувачи во споредба со оригиналните вакцини била 56 отсто кај луѓето на возраст од 18 до 49 години, 48 отсто кај оние на возраст од 50 до 64 години и 43 отсто кај луѓето на возраст од 65 години и постари, покажа истражувањето.
Варијациите во ефективноста беа помали, се движеа од 28 до 31 процент, кога вакцинирањето беше од два до три месеци.
Авторите на студијата, сепак, предупредуваат дека учесниците можеби не се сеќавале на нивниот статус на вакцинација, претходната историја на инфекции и болести и дека лошото прифаќање на бивалентни бустери може да влијаело на резултатите.
Досега, околу 35 милиони ажурирани вакцини се инјектирани низ САД, што значи дека околу 10 отсто од населението ги примило, според владините податоци.
Авторите предупредија дека доминантните варијанти постојано се менуваат.
Само во изминатите два месеци, подваријантите BQ.1 и BQ.1.1 станаа доминантни во Соединетите Држави, а вакцините беа ажурирани врз основа на претходно доминантната подваријанта BA.5 омикрон, пренесе Индекс.хр.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
28 милиони долари за кампањата на Бајден собраа холивудските ѕвезди
Голем број холивудски ѕвезди, меѓу кои и Џорџ Клуни и Џулија Робертс на синоќешната донаторска вечера за кампањата на претседателот Џо Бајден собраа 28 милиони долари.
Тоа е најголема сума во историјата собрана за некој демократски кандидат.
Донаторската вечера се одржа во театарот Пикок во Лос Анџелес, а водителот на емисијата „Лејт најт“ (Late night), Џими Кимел, ги интервјуираше Бајден и поранешниот претседател Барак Обама, кои ја истакнаа потребата да се победи поранешниот претседател Доналд Трамп.
Бајден истакна дека за време на неговиот претседателски мандат „усвоен е секој главен закон што бил планиран“. Додека Обама изрази восхит за сеопфатната легислатива за здравствена заштита, јавни работи, животна средина, новите технологии, безбедноста на оружјето и другите големи иницијативи што ги спроведува сегашната администрација.
Трамп синоќа беше во Детроит и ја критикуваше економската политика на Бајден.
Европа
Германската полиција уби навивач кој со секира влегол во фан-зоната на Европско првенство (ВИДЕО)
Германската полиција во Хамбург имаше полни раце работа. Во градот каде хрватската фудбалска репрезентација ќе го одигра следниот натпревар на ЕП, оној против Албанија, полицијата застрела и уби еден маж. Германските полицајци биле принудени на тоа, бидејќи мажот сакал со секира да нападне случајни минувачи во фан-зоната за време на Првенството.
Напаѓачот во Хамбург прво ги нападнал навивачите со секира, а потоа ги нападнал и обезбедувањето.
Полицијата прво употребила солзавец, а потоа пукала. Еден од истрелите на полицаецот бил предупредувачки, а вториот го погодил.
Наспроти првичните вести, нападот очигледно нема никаква врска со Европското фудбалско првенство.
„Местото на нападот е далеку од просторот каде се следат првенствените натпревари. Нема индиции дека напаѓачот има врски со некоја од навивачките групи“, соопштија од полицијата.
Денеска во Хамбург се игра натпреварот помеѓу Полска и Холандија и градот е преполн со навивачи на двата табора.
Европа
Четворица загинати во страшна сообраќајка во Грција, пожарникарите го сечеа возилото за да ги извадат телата (ВИДЕО)
Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во Грција, четири лица загинаа, а три се повредени.
Според првите информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило изгубило контрола и удрило во автобус што минувал.
Патниците загинале на лице место, а пожарникарите го сечеле возилото за да дојдат до телата на настраданите во автомобилот.