Свет
Италијанската премиерка пристигна во Киев

Италијанската премиерка Џорџија Мелони пристигна во Киев, а по посетата на Буча и Ирпиње, местата во близина на Киев каде што се извршени злосторства врз цивили, попладне треба да се сретне со претседателот Володимир Зеленски. Мелони, откако се симна од возот со кој пристигнуваше во Киев од Полска, изјави дека ѝ е чест што е во посета на Украина. Украинските власти ја пречекаа со букет цвеќе.
„Тука сум да ги разберам потребите на луѓето што се борат за својата слобода. Секогаш е поинаку кога работите ги гледате со свои очи и мислам дека тоа им помага на Италијанците да разберат“, рече Мелони, чии зборови ги пренесе јавната телевизија РАИ. Мелони, која стана премиер во октомври, постојано изјавува дека има намера да го посети Киев пред 24 февруари, првата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина.
Нејзината десничарска влада ја поддржува Украина, иако има и проруски партнери во коалициската влада, особено шефот на Лигата, Матео Салвини, и лидерот на партијата Форца Италија, Силвио Берлускони, кој му е личен пријател на Владимир Путин.
Застанувајќи накратко во Варшава за да се сретне со полскиот премиер Матеуш Моравјецки, Мелони рече дека Италија и Полска ќе продолжат со вооружување на Украина. Во соработка со Франција, Италија напролет треба да ѝ го испорача на Украина одбранбениот систем „земја-воздух“ со среден дострел – МАМБА, но малку е веројатно дека Италија ќе испрати и борбени авиони.
„Мислам дека е практично невозможно за нас да испратиме италијански воени авиони“, изјави италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, за „Ла Стампа“ во вторникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Париз, Лондон и Берлин повикаа да престане хуманитарната катастрофа во Газа

Хуманитарната катастрофа во Појасот Газа мора веднаш да престане, повикаа вчера во заедничко соопштение Париз, Лондон и Берлин.
„Хуманитарната катастрофа на која сме сведоци во Газа мора веднаш да престане“, нагласија трите европски земји.
Тие на овој начин одговорија на алармот објавен од ОН и невладините организации дека постои ризик од непосреден и широко распространет глад во Газа. Трите европски престолнини ја повикуваат европската влада веднаш да ги укине ограничувањата за испорака на помош.
Франција, Велика Британија и Германија, исто така, потсетуваат дека Израел мора да ги почитува своите обврски според меѓународното хуманитарно право.
„Дојде моментот да се стави крај на војната во Газа“, додадоа тие и ги повикаа сите страни да го прекинат конфликтот со склучување на договор за моментално прекин на огнот.
Регион
Топлотниот бран ги затвори Акропол и археолошките локалитети во Атина

Поради топлотниот бран и високите температури што од почетокот на седмицава ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол и во текот на викендов ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот.
Новиот топлотен бран што ја зафати Грција, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела.
Вчера беше најтоплиот ден, просечната максимална температура достигна 37,6 степени Целзиусов, на Пелопонез измерени речиси 46 степени, а во многу делови од земјата надмина 42 степени.
Свет
Русија до Западот: Тврдоглаво игнорирате додека режимот во Киев се обидува да ја спаси кожата на Зеленски

„Тврдоглаво се обидувате да игнорирате како темелно корумпираниот режим во Киев се обидува да ја спаси кожата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, доведувајќи ја во прашање иднината на својата земја. За тоа детално ќе разговараме на посебниот состанок што го побаравме за 31 јули, каде што предлагаме фокусирање на акциите што ја поткопуваат потрагата по дипломатски пат за решавање на украинскиот конфликт – вклучително и обидите да се попречи директниот руски-украински преговарачки процес во Истанбул“, изјави заменикот на рускиот амбасадор во ОН, Дмитриј Пољански, на седницата на Советот за безбедност, обраќајќи им се на претставниците на западните земји, пренесува ТАСС.
Според него, Русија подолго време и доследно предлага решавање на украинската криза по дипломатски пат.
„Но вас тоа не ве задоволува – сè додека сте подготвени да продолжите да се борите против Русија преку рацете на Украинците. А фактот што ги има сè помалку – воопшто не ве вознемирува“, предупреди рускиот дипломат.
Русија и Украина во мај и јуни одржаа две рунди преговори, по што следуваше размена на заробеници и предавање на телата на загинатите украински војници. Двете страни исто така разменија нацрти меморандуми за решавање на конфликтот.