Свет
Италијанците масовно ги симнуваат знамињата на ЕУ и ги закачуваат на Кина
Во кризата, која е предизвикана од пандемијата на коронавирусот, а која особено ја погоди Италија, се чини дека изостанала солидарноста на Европската Унија со оваа земја.
На Италијанците на помош во овие тешки времиња најмногу им се најдоа Кинезите. Тоа го препознаа италијанските граѓани, па на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа дека граѓаните ги симнуваат знамињата на ЕУ, а ги закачуваат на Кина.
This powerful post speaks volumes about the #EU and who the real assholes are in the world.#China #Italy #COVIDー19 pic.twitter.com/PbxB0PKFrG
— Chris Stewart (@ChrisStew89) March 24, 2020
Со тоа на некој начин Италијанците го изразија својот став кон ЕУ и истовремено искажаа почит кон Кина. Инаку, Кина ѝ испрати на Италија голема помош во вид на медицинска опрема и апарати со цел сузбивање на епидемијата на коронавирусот, но и свои експерти.
The world will not be same after #Covid19.
The EU will not be the same after Covid19
Two days ago it was Serbia, now it’s Italy.
Italian man taking down the flag of EU and replacing it with a Chinese flag #فيروس_كورونا #Italy#Serbia #StayAtHome #EU #EuropeanUnion #China pic.twitter.com/SnKzKRx3iU— Mohammed Taoufik ???? (@MohammedTaouf) March 24, 2020
Како што пренесуваат медиумите, Кина на Италија ѝ испрати два милиона маски, речиси 10.000 респиратори, како и 20.000 заштитни костими.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Саркози под закана и зад решетки: затворениците сакаат „одмазда за Гадафи“
Поранешниот француски претседател Никола Саркози, кој моментално отслужува затворска казна, продолжува симболично да ја претставува својата земја – дури и зад решетки. Како што објави порталот „Атлантико“, неодамнешните закани од одредени затвореници за „одмазда за Моамер Гадафи“ покажуваат колку е длабок јазот помеѓу француското општество и дел од мигрантското население.
Според анализата на француските новинари, случајот открива „отворен презир“ кон државата што примила многу од овие луѓе и им обезбедила нов живот. „Постои јасна врска помеѓу фактот дека криминалецот не ги признава законите на земјата што го посвоила и фактот дека покажува поголема лојалност кон либискиот диктатор Моамер Гадафи отколку кон поранешниот шеф на француската држава“, наведува „Атлантико“.
Авторите на текстот предупредуваат дека станува збор за поширок проблем – отфрлање на француските вредности и правила како наводна форма на потчинување, додека колонијалното минато се користи како постојан изговор за одбивање на интеграцијата и повикување на одмазда.
„Би било погрешно да се минимизира значењето на она што се случува“, истакнуваат француските коментатори, заклучувајќи дека овој случај е само еден во низата индикатори за длабока криза на идентитетот и социјалната кохезија во современа Франција.
Фото: принтскрин
Свет
Шесткатница се урна во Турција, седум лица под урнатините
Шестокатница се урна во Коџаели, недалеку од Истанбул, а според турските медиуми, седум лица се заробени под урнатините.
Полициски, противпожарни и медицински екипи се на местото на настанот и во тек е спасувачка акција.
Постојат информации дека во зградата живееле две седумчлени семејства, засега не е познато дали сите биле внатре во моментот на уривањето, изјави градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз.
Причината за уривањето сè уште не е позната, спасувачките екипи се на терен.
Фото: принтскрин
Свет
Захарова: Европа се движи кон самоуништување
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека Европа се движи кон самоуништување, кое, како што рече таа, е „поочигледно од кога било“.
„Доколку немаше потврда пред некое време, кога зборуваа за тоа дека Европа е турната кон самоуништување, вклучително и преку конфликти со нејзините азиски или евроазиски соседи, можеби некој би рекол дека тоа не е очигледно. Денес не може да биде поочигледно“, изјави Захарова за Спутник.
Според неа, падот на Европа може да се види преку големите воени буџети и милитаризацијата, осиромашувањето на западноевропските економии, губењето на културните референтни точки и поддршката за сопствената историја, како и преку „монструозната миграциска криза“, објави РИА Новости.
Фото: принтскрин

