Свет
Итен состанок на НАТО поради случајот со Навални
Свикан итен состанок на лидерите на членките на НАТО. Тема на средбата е труењето на најжестокиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, Алексеј Навални.
Состанокот е свикан откако повеќето европски лидери се закнија дека ќе воведат нови санкции против Москва, која упорно одбива да има врска со труењето на Навални, кој, пак, сè уште се наоѓа во кома во германска болница.
Лидерите на западните земји бараат со денови конкретни одговори од Кремељ на тврдењата и доказите од германските лекари кои соопштија дека од крвта на Навални е изолиран нервен гас новичок, во светот познат по случајот со труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Велика Британија.
И во тој случај официјална Москва отфрли какви било тврдења дека има врска со труењето.
Итен состанок на лидерите на НАТО ќе почне, како што наведуваат странските медиуми, со краток брифинг на германските лекари во 12:30 часот по бриселско време, а потоа ќе се обрати генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Фото: Депозитфотос
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.

