Свет
Итно повлечени капки за очи, од кои некои починале, а некои ослепеле

Производител со седиште во Индија ги повлече капките за очи EzriCare (вештачки солзи) откога американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ) соопшти дека тие можеби биле контаминирани со бактерии отпорни на лекови.
Минатиот месец ЦДЦ ѝ соопшти на јавноста да престане да ги користи капките за очи EzriCare како мерка на претпазливост бидејќи добиле извештај дека тие се поврзани со инфекција што предизвикала трајно губење на видот и една смрт, објави „Бизнис инсајдер“.
Центрите за контрола и превенција на болестите на 20 јануари објавија дека 50 лица од 11 американски држави биле позитивни на бактеријата Pseudomonas aeruginosa. Како што наведуваат од таму, повеќето од заразените користеле капки за очи пред тестот, а најчеста марка е EzriCare Artificial Tears.
Бактеријата Pseudomonas aeruginosa може да предизвика инфекции на крвта, белите дробови или рани. Сè потешко е да се лекува бидејќи развива одбранбени механизми против антибиотици. Пронајдениот вид од оваа бактерија е отпорен на „карбапенеми“, силни антибиотици кои ги уништуваат бактериите што предизвикуваат болести како пневмонија, инфекции на уринарниот тракт и тешки инфекции на кожата.
Отпорен е и на два други антибиотика – „цефтазидим“, кои лекарите ги користат за инфекции на уринарниот тракт, менингитис и инфекции на крвотокот. На 20 јануари ЦДЦ препорача и лекарите и пациентите „веднаш да престанат да користат вештачки солзи на EzriCare во очекување да завршат епидемиолошката истрага и лабораториската анализа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
САД и ЕУ имаат 18 месеци да се подготват за можен вооружен конфликт со Кина и Русија, кажа командант на НАТО

Врховниот командант на НАТО во Европа, генерал Алексус Гринкевич, процени дека САД и Европската Унија имаат година и пол да се подготват за потенцијален глобален вооружен конфликт со Кина и Русија.
Тој додаде дека верува оти Пекинг и Москва би можеле да нападнат истовремено и координирано, пренесува „Билд“.
– Она што кинескиот лидер Си Џинпинг веројатно ќе го направи пред да одлучи да преземе воена акција против Тајван е да му се јави на својот пријател Путин и да го замоли за помош. Тоа за мене значи дека обете работи би можеле да се случат истовремено – рече Гринкевич за време на конференцијата за одбрана во Висбаден, Германија, каде што се наоѓа Командата на НАТО за безбедносна помош и обука на вооружените сили на Украина.
Тој додаде дека 2027 година би можела да биде „потенцијална кризна година“.
– Ќе ни треба секое оружје, опрема и муниција што можеме да ја набавиме за да бидеме подготвени – нагласи командантот на НАТО.
Според германскиот весник, во владините кругови во Берлин расте стравот дека Русија наскоро би можела да нападне една од помалите земји-членки на НАТО, бидејќи се очекува земјите од Алијансата да постигнат сериозни одбранбени способности дури во 2029 година.
Според „Билд“, некои министри во владата на Фридрих Мерц очекуваат дека руска воена провокација би можела да се случи во 2027 година.
Свет
Авион принудно слетал во САД поради обид на патник да ја отвори вратата

Авион на линијата Омаха-Детроит во САД мораше да изврши итно слетување во Ајова поради патник кој се обидел да ја отвори вратата за време на летот.
Откако полицијата го уапсила, кај него пронашла 41 таблета од лекот „Ксанакс“.
Инцидентот се случил во среда навечер по локално време, за време на летот на авионот на „Скај Вест ерлајнс“, кој извршил итно слетување во Сидар Рапидс, во државата Ајова, објави Си-Ен-Ен.
Патникот кој се обидел да ја отвори вратата претходно се скарал со стјуардесата, според пилотот.
Авионот слета безбедно, а на видео објавено на социјалните мрежи може да се види како полицијата го вади патникот со лисици од авионот.
Свет
18 загинати и 40 исчезнати откако туристички брод се преврте во Виетнам

Најмалку 18 лица загинаа, а околу 40 се водат како исчезнати откако туристички брод се преврте во заливот Ха Лонг во Виетнам, објавија денес локалните медиуми.
Бродот, кој превезувал повеќе од 50 патници, се превртел поради ненадеен силен дожд што го погодил за време на посетите на местата на светското наследство на УНЕСКО, објави порталот „Ден Три“.
Граничните полицајци спасија 12 лица и пронајдоа 18 тела“, објавува порталот „ВНекспрес“.
Покраинските власти објавија дека ги пронашле телата на тројца виетнамски државјани и спасиле десет лица, како и дека потрагата по исчезнатите сè уште е во тек.
Околу 30 бродови потонаа во заливот Ха Лонг минатата година откако беа погодени од тајфунот Јаги.
Заливот го посетуваат милиони луѓе секоја година и е една од најпопуларните туристички дестинации во Виетнам, позната по сино-зелената вода и варовничките острови со тропски шуми.