Свет
И Германија го прогласи холодоморот за геноцид врз Украинците
Германскиот Бундестаг го прогласи холодоморот, односно гладувањето на Украинците во текот на зимата 1932-1933 година за геноцид. Станува збор за периодот кога Украина беше под СССР на чело со Јосиф Сталин кога загинаа неколку милиони луѓе.
„Од денешна гледна точка, историски и политички, геноцидот е очигледен“, се вели во соопштението на Бундестагот.
Министерката за надворешни работи, Аналена Бербок, на „Твитер“ им се заблагодари на сите што придонеле за прашањето за холодоморот да се расправа во Бундестагот.
„Милиони Украинци загинаа во холодоморот поради систематско гладување. Благодарност до (министерот за надворешни работи на Украина) Дмирто Кулеба за неговиот придонес да се нарече ова злосторство со сегашното име – геноцид“, напиша Бербок на „Твитер“.
Минатата недела парламентите на Романија, Ирска и на Молдавија го прогласија холодоморот за геноцид врз Украинците.
Украина секоја година го одбележува сеќавањето на жртвите на холодоморот во четвртата сабота во ноември, а оваа година тој датум беше 26 ноември.
Украинскиот весник „Киев независно“ наведува дека Украина се обидела холодоморот да биде меѓународно признаен како чин на геноцид и дека досега повеќе од 20 земји го прогласиле за геноцид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

