Европа
„Каде е мајка ми?“: зборовите на девојче извлечено по 20 часа од урнатините

Најмалку 4.800 луѓе загинаа во Сирија и Турција во разорните земјотреси, според последните информации од тамошните власти. Меѓутоа, меѓу оние што биле извлечени од урнатините било и едно мало девојче, кое веднаш ја побарало својата мајка.
Во текот на ноќта спасувачите продолжија да бараат преживеани на студ, дожд или снег, понекогаш со голи раце, за да го спасат секој можен живот, како седумгодишното девојче, кое во правливи пижами излезе од урнатините во Хатај на границата со Сирија пред новинар на АФП по повеќе од 20 часа хорор, пренесува медиумот.
„Каде е мајка ми?“, му рекла на спасувачот, кој ја зел в раце.
Лошото време го отежнува спасувањето и ја прави уште потешка судбината на преживеаните што треперат на студот во шатори или импровизирани засолништа. Големиот пад на температурата ги изложува повредените и заглавените во урнатините на дополнителен ризик од хипотермија, се наведува во написите.
Според процените, во Турција се урнале до пет илјади згради, вклучувајќи ја и болницата во Искендерун.
Во земјотресите беа урнати цели станбени блокови. Турција побара помош од сојузниците на НАТО за справување со последиците од земјотресот, од кои најсилниот беше 7,8, кој се случи вчераутро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Фрлени „молотови коктели“ кај рускиот конзулат во Франција, се огласи Захарова

Рускиот конзулат во Марсеј, Франција, рано утринава бил нападнат со „молотов коктел“, а нема информации за жртви, јавува „Анадолија“.
Инцидентот се случил околу 8 часот по локално време на авенијата Амброаз-Паре, улица на која се наоѓаат многу странски конзулати, објави BFMTV.
‼️ ⚡️Une explosion a tonné à l’intérieur du consulat russe à Marseille — BFM TV
«Il y a environ 30 pompiers et policiers travaillant sur les lieux», rapportent les médias. pic.twitter.com/NgsR7Df3Jw
— Camille Moscow 🇷🇺 🌿 ☦️ (@camille_moscow) February 24, 2025
Два „молотови коктела“ биле фрлени во дворот на конзулатот, но, за среќа, не е забележана штета или повредени, јавуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори.
Во тек е истрага за мотивите за нападот.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, потврди дека имало експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј опишувајќи ја како потенцијален терористички напад.
Москва ја повикува Франција темелно да го истражи инцидентот и да ја зголеми безбедноста во руските дипломатски претставништва, рече таа.
Европа
Ватикан: Папата е во критична состојба, но имаше мирна ноќ

Папата Франциско, кој е во критична состојба и се бори со билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, спиејќи и одморајќи се, соопшти Ватикан.
88-годишниот папа беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари, откако неколку дена имаше проблеми со дишењето, а потоа му беше дијагностицирано воспаление на двете бели дробови.
Ватикан ја опиша неговата состојба како критична втор ден по ред во неделата и рече дека тој ден имал „почетни, благи знаци на откажување на бубрезите“.
Прогнозата за папата, кому во саботата му беше потребна трансфузија на две единици крв, откако доживеа „продолжена респираторна криза слична на астма“, останува неизвесна, покажуваат најновите медицински информации.
„Беше добра ноќ, папата спиеше и се одмара“, се вели во соопштението на Ватикан во една реченица објавено утрово, без дополнителни информации.
Европа
Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј

Експлозија утрово го потресе француски Марсеј во близина на рускиот конзулат. Пожарникарите потврдија дека имало експлозија во 8-миот арондисман.
„Експлозијата се случи во близина на рускиот конзулат во Марсеј околу 8 часот наутро“, соопштија пожарникарите.
На терен се околу 30 пожарникари и бројни полицајци. Засега не е позната причината за експлозијата, ниту пак дали има повредени.