Свет
Каили демантира дека добила пари од Катар, полицијата објави фотографија од запленетите евра
Белгиската полиција сподели фотографија од пари кои наводно ги користела неименувана заливска држава, за која многумина веруваат дека е Катар, за да подмитува претставници на ЕУ.
Запленети се дури 1,3 милион фунти од три различни локации во текот на викендот, вклучувајќи 500.000 фунти пронајдени во домот на еден осомничен, 130.000 фунти во станот на другиот и 650.000 фунти во куфер во хотелска соба во Брисел.
Ева Каили (44), потпретседател на Европскиот парламент, наводно добила дел од тие пари заедно со нејзиниот партнер Франческо Џорџи (35). Двајцата се меѓу четворицата уапсени и обвинети за перење пари, корупција и учество во криминална организација.
Таткото на Каила бил запрен од инспекторите кои го напуштале хотелот „Софител“ додека носел актовка со банкноти од 650.000 фунти. Тоа овозможило да се одземе правото на дипломатски имунитет и да се претресе нејзиниот дом, каде наводно пронашле „вредни работи“ и неколку „вреќи со сметки“, пишува белгискиот весник „Ле Соар“.
Државата Катар категорично ги отфрла сите обиди да се поврзе со обвинувања за недолично однесување“, соопшти Катарската мисија во ЕУ.
Сите четворица уапсени утре треба да се појават пред суд на рочиште за кауција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Блинкен им порача на Израел и Хамас дека е време за прекин на огнот
Државниот секретар на Соединетите Држави (САД) Ентони Блинкен се состана со израелските лидери на 1 мај, за време на посетата на Израел, а во таа прилика му порача на претседателот на земјата дека „е дојдено времето“ за договор за прекин на огнот во војната во Газа.
Ова е седма посета на Блинкен од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас – палестинска група прогласена за терористичка организација од страна на САД и Европската Унија уште од октомври.
Блинкен се обидува да постигне договор кој би ги ослободил заложниците кои ги држат милитантите на Хамас во замена за прекин на борбите. Како дел од договорот се очекува да бидат ослободени и палестинските затвореници.
Свет
Француските експерти препорачуваат децата да не користат паметни телефони пред да наполнат 13 години
На децата не треба да им се дозволува да користат паметни телефони пред да наполнат 13 години и треба да им се забрани користењето на конвенционалните социјални медиуми како ТикТок, Инстаграм и Снепчет до 18 години, се вели во експертскиот извештај нарачан од францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон побарал експертите да предложат упатства за употреба на паметни телефони кај детската популација.
Тој сака да преземат решителни чекори за да ја ограничат нивната изложеност на негативното влијание на оваа технологија, пренесува лондонски Гардијан.
Регион
Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 05:38 часот е регистриран во Хрватска, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на 92 километри јужно од главниот град Загреб и на 14 километри од границата со Босна и Херцеговина, кај Тржачка Раштела.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот најмногу бил почувствуван во централна Хрватска и во дел од Босна и Херцеговина со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета.