Европа
Како автомобил кој пијан го возите во океанот, се беше катастрофа од почеток: страшни сведочења на патници од подморницата
Експедициите на „Ocean Gate“ во 2021 и 2022 година, иако успешни, имаа многу проблеми.
„Ocean Gate“ успешно ги заврши експедициите до потонатиот брод во 2021 и 2022 година пред „Титан“ да исчезне на своето трето патување. Подморницата „Титан“ беше поздравена како револуционерна подморница која може да им понуди на туристите извонредна можност да го посетат потонатиот брод Титаник, но патниците од минатите мисии споделија застрашувачки приказни за безбедносните проблеми, грешки во комуникацијата и недостатоци во дизајнот, пишува „NBC News“.
Очајничката потрага по исчезнатата подморница заврши во четвртокот, кога крајбрежната стража објави дека остатоците се пронајдени. Загинаа пет патници.
Брајан Вид (42), снимател на каналот Дискавери, спроведе тест возење на „Титан“ во мај 2021 година.
„Во моментот кога го започнавме пробното нуркање, работите тргнаа наопаку.
Лансирањето беше незгодно и помалку од четвртина од патот во текот на нуркањето имаше дефекти во погонскиот систем, оставајќи ги патниците да седат во водата, раскажува Вид. „Тоа беше наводно два месеци пред тие да го направат првото нуркање до Титаник и тоа многу ме загрижи. Требаше да бидеме на едно од тие први нуркања“, рече тој.
Исто така бил загрижен што вратата била заклучена однадвор: „Постои можност да нема излез дури и ако сте на површината.
Но, привлечноста на Титаник, океански брод што потона на своето прво патување од Англија до Њујорк во 1912 година, го привлече кон проектот. „Помислата да слезете и да го видите Титаник навистина ви го заматува умот. Сакате ова да биде можно. Сакате ова да биде вистина“, рече тој.
Вид ја одбил поканата за повторно нуркање една недела подоцна. Тој вели дека почуствувал дека нешто не е како што треба и како да не постои план.
„Имавме проблеми со контролата на притисокот. Имавме проблеми со компјутерите на бродот. Имавме проблеми со комуникациите“, изјави Џош Гејтс, водител на „ Ekpedition Unknovn“. „Искрено, почувствував дека на подморницата и треба повеќе време и повеќе тестирања“, рече тој.
Колин Тејлор, кој во јули минатата година отиде на подморницата со својот син (22), го опиша комуникацискиот систем како многу тежок. „Постои систем за комуникација базиран на текст кој е двонасочен, многу бавен. Мислам, кога испраќате сигнали низ толку многу вода, тоа е многу, многу тешко.
Мајк Рајс, писател и продуцент кој работеше на „Симпсонови“, рече дека отишол на четири нуркања од 10 часа со „Ocean Gate“, вклучувајќи го и Титаник.
„Сонарот, компјутерите, светлата престанаа да работат. Веднаш се вративме на површината“, рече тој. Две години подоцна, тој отиде на друга експедиција на местото на Титаник со подморницата, опишувајќи го како автомобил што го возел пијан возач во океанот контролиран од конзола на видео игри.
„Кога пристигнавме тимот се соочи со бројни проблеми. Не бевме ни блиску до Титаник. Подолните струи не туркаа се подалеку и понатаму во погрешна насока. Сонарот не работеше, а компасот се движеше од исток кон запад, од север кон југ. Почнавме доцна а ураганот не тркалаше на површината“.
Дејвид Пог, дописник на „CBS News“, твитна дека минатата година подморницата била изгубена на морското дно околу пет часа додека била на експедиција на „Ocean Gate“.
„Сè уште можеа да испратат кратки пораки до подморницата, но не знаеја каде е. Беше тивко и многу напнато“, напиша тој на твитер во понеделникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

