Свет
Канада испраќа војска да се бори со пожарите, евакуирани над 35.000 луѓе
Канада испраќа војска за справување со шумските пожари што бргу се шират во Британска Колумбија, изјави во неделата премиерот Џастин Трудо, а западната провинција се бори со пожарот што поттикна наредби за евакуација на повеќе од 35.000 луѓе.
Британска Колумбија прогласи вонредна состојба и воведе забрана за патувања, кои не се нужни, за да се ослободи сместувањето за евакуираните и пожарникарите и ги повика операторите со дронови и другите што ги фотографираат пожарите да се држат настрана од спасувачите.
Во некои градови во Британска Колумбија, индексот на квалитетот на воздухот, кој ги мери главните загадувачи, вклучувајќи ги и честичките од пожарите, беше над 350, што е опасно ниво, според „Ајкју ер“, информативна платформа за квалитетот на воздухот во реално време.
На полноќ, Салмон Арм го имаше најлошиот индекс на квалитетот на воздухот во земјата, со AQI-отчитување од 470.
Шефот на противпожарната служба на Западен Келоун, Џејсон Бролунд, рече дека гледа надеж по борбата со епските пожари во изминатите четири дена.
Тој рече дека условите се подобрени помагајќи им на пожарникарите да го локализираат пожарот што му се закануваше на градот со 150.000 жители.
„Конечно, се чувствуваме како да одиме напред, а не назад, и тоа е одлично чувство“, изјави Бролунд за канадските медиуми.
Трудо во твит рече дека федералната влада ќе понуди поддршка од канадската војска за да помогне во евакуации и други логистички задачи како одговор на барањето на владата на Британска Колумбија.
Шумските пожари не се невообичаени во Канада, но ширењето на пожарите ја нагласува сериозноста на најлошата сезона на шумски пожари досега за која некои експерти ги обвинуваат климатските промени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Активистите го обвинија папата Франциско дека не направил доволно за да се искорени сексуалното насилство
Папата Франциско не направи доволно за да се искорени сексуалната злоупотреба од страна на свештенството и прикривањето на овие злосторства, изјавија активисти и жртви на митингот во Рим.
Римокатоличката црква долго време се соочува со обвинувања за сексуална злоупотреба, а овој протест беше организиран пред утрешниот фестивал на Светскиот ден на детето во Ватикан, пренесува Ројтерс.
„Сакаме да ги заштитиме младите луѓе кои присуствуваат на фестивалот“, изјавија дел од организаторите.
Свет
Русите денеска 15 пати го нападнаа Харков, убиени 6 лица
Гувернерот на областа Харков во Украина, Олег Синегубов соопшти дека во напад на руската армија врз тој регион загинале шест лица, а 16 се ранети.
Руската армија употреби ракетни системи С-300 во овие напади, напиша Синегубов на платформата Телеграм како што пренесува Униан, Харков денеска бил цел на 15 пати.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски напиша на платформата X дека руските сили го искористуваат недостатокот на украински системи за воздушна одбрана и нејзината способност да уништува ракетни фрлачи во близина на границата.
Зеленски додаде дека тоа не е слабост на Украина, туку на меѓународната заедница „која три години не се осмели да се справи со терористите на начин на кој тие заслужуваат“.
Свет
Песков: Како наследник на СССР, Русија ја задржува својата позиција за независна Палестина
Русија, како наследник на СССР, останува на ставот дека ја признава независноста на Палестина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Гледаме во контекст дека Палестина беше призната како независна држава уште во времето на Советскиот Сојуз. Русија, како наследник на Советскиот Сојуз, ја задржува оваа позиција“, истакна Песков, пренесува ТАСС.
До денес, Палестина е призната од девет земји-членки на ЕУ.
Осум земји – Бугарија, Кипар, Чешка, Унгарија, Малта, Полска, Романија и Словачка – го презедоа овој чекор во 1988 година, пред да влезат во ЕУ, а Шведска во 2014 година.