Европа
Киев го осуди указот на Путин за полесно стекнување руско државјанство
Украинската дипломатија денеска го осуди указот на рускиот претседател Владимир Путин, со кој се олеснува пристапот до руско државјанство за сите Украинци, оценувајќи дека тоа е „ново навлегување врз суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.
„Министерството за надворешни работи најостро го осудува указот на претседателот на Русија“, се наведува во соопштението и се додава дека указот претставува „натамошно нарушување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, што е некомпатибилно со нормите и принципите на меѓународното право. ”
Претходно денеска Путин потпиша указ за продолжување на забрзаното доделување руско државјанство на сите Украинци.
Досега само Украинците од регионите Доњецк и Луганск, Запорожје и Херсон, од кои голем дел е под руска контрола, можеа да поднесат барање за доделување руско државјанство по забрзана постапка.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ за продолжување на забрзаното доделување руско државјанство на сите Украинци.
Помеѓу 2019 година, кога беше воведена забрзана процедура за жителите на Доњецк и Луганск, до оваа година, околу 720.000 жители на двете области, или 18 отсто од населението, добија руски пасоши.
На крајот на мај оваа година беше овозможена забрзана процедура за доделување државјанство за жителите од регионите Запорожје и Керсон. Наводно, првите руски пасоши во тие две области биле издадени пред еден месец, пренесе Денес.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Намалениот број на станови доведе до раст на кириите во Германија
Растат кириите во Германија поради немањето станови во услови на високи градежни трошоци и кредити. Сето тоа го запре градежниот сектор и побарувачката, но и ги намали цените на квадратот, се вели во извештајот на здружението на банките.
Становите во Германија поевтиниле за 4,3 отсто во првиот квартал во однос на истиот период лани, објави здружението на германските банки„Pfandbrief“.
Цените за изнајмување на нови станови се зголемени за 5,6 отсто. Трендот на поскапување на кириите нема да запре, оценуваат од здружението.
„Пазарот за изнајмување станови е под огромен притисок. Побарувачката значително ја надминува понудата“, рече извршниот директор на здружението, Јенс Толкмит.
Трошоците за изградба значително се зголемија во последните години поради повисоките каматни стапки на кредитите и значително повисоките трошоци за работна сила и цените на градежните материјали. Во вакви услови се намали бројот на одобренија за градба, а побарувачката ослабе, што резултираше со пониски цени на становите, смета министерот за финансии.
Според податоците на здружението на банките, цените на недвижностите најмногу паднале во Минхен, за 5,3 отсто.
Во исто време, падот на градежната активност го продлабочува „недостигот“ на станови, зголемувајќи го натамошниот раст на закупнината, кој би можел да продолжи уште некое време.
Здружението оценува дека цените на станбените недвижности треба да се стабилизираат во догледна иднина, за разлика од комерцијалните недвижности, како што се деловните згради и трговските центри.
Цените во тој сегмент паднаа за речиси 10 проценти на годишно ниво и се уште не се гледа „дното“, вели првиот човек на здружението.
Проценките се базираат на податоци за работењето на повеќе од 700 банки кои се активни во финансирањето на недвижен имот, а не на понуди за купување и изнајмување кои служат како основа за Заводот за статистика, забележуваат тие во здружението.
Европа
(Видео) Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава
Во внатрешноста на заливот Трст, во близина на границата со Словенија, во вторникот попладне се формирал вител.
Италијанските медиуми јавија дека невремето не предизвикало материјална штета, ниту било закана за населението. Интервенцијата на пожарникарите и на пристанишните служби не била потребна.
Waterspout reported in the North Adriatic between the town of Muggia and Koper a few hours ago.
Original video shooting from meteoradar
➡️ https://t.co/SXbq5rbWaj pic.twitter.com/XxRu57Gohs— Alpine-Adriatic Meteorological Society (@aametsoc) May 7, 2024
Италијанската метеоролошка агенција објасни дека ваквите појави не се воопшто ретки и дека се резултат на екстремна нестабилност на атмосферата.
Областа на низок воздушен притисок, која владее со поголемиот дел од Италија, донесе влажни струи во Трстскиот Залив.
„Во овие временски услови, неколку пати годишно може да се појават воздушни вртлози, кои во повеќето случаи се распаѓаат на море“, објаснуваат италијанските метеоролози.
Европа
Венеција заработи огромна сума на пари со наплата на влезници во градот за само 11 дена
Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975 илјади евра во првите 11 дена од пробниот период.
Билетот, кој првпат беше воведен на 25 април, се наплаќа по стандардна цена од пет евра.
Градот објави дека продал вкупно повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата, пренесува Независне новине.
Влезот ќе се наплаќа во повеќето саботи и недели до средината на јули, кога градот ќе ја разгледа цената.
Како општо правило, целодневните посетители помеѓу 8:30 и 16:00 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Ако не го сторат, може да платат казна од 300 евра.
Домашните жители, гостите кои преноќуваат, студентите и децата под 14 години се ослободени од плаќање.
Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.
Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.