Свет
Кина бара дополнителни информации за идентитетот на 39 мигранти пронајдени во ладилник
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека побарало од британските власти повеќе информации за идентитетот на 39-те лица што беа пронајдени мртви во камион ладилник на југоистокот на Англија минатата недела. Националноста на жртвите не е потврдена од Велика Британија.
Британската полиција првично мислеше дека станува збор за кинески државјани, но подоцна ваквото тврдеше беше доведено во прашање.
Повеќе од 20 виетнамски семејства објавија дека изгубиле контакт со своите најблиски и стравуваат дека тие се меѓу жртвите. Виетнамските власти соопштија дека примиле документи од Лондон во врска со четири лица чии тела биле пронајдени во камионот за да може да утврдат дали се Виетнамци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

