Свет
Кина бара проблемот со Иран да биде дипломатски решен
Кина изрази жалење поради одлуката на Иран да ја надмине границата на збогатување на ураниумот предвидена во нуклеарниот договор од 2015 година, објави Министерството за надворешни работи, потврдувајќи дека спорот мора да се реши на дипломатски начин.
На дневниот брифинг портпаролот на министерството, Генг Шуанг, исто така, повтори дека Кина ги повика сите инволвирани страни да се воздржат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Велика Британија почнува да го спроведува планот за депортирање на мигрантите во Руанда
Британските власти почнаа да ги задржуваат мигрантите за да ги подготват за депортација во Руанда во следните девет до 11 недели, објави владата, поставувајќи ја основата за водечката имиграциска политика на премиерот Риши Сунак.
Парламентот во април го одобри законот кој го отвора патот за испраќање на барателите на азил во Руанда доколку останат во Британија без дозвола, а Сунак сака првите летови за Руанда да полетаат веќе во јули.
Владата верува дека оваа политика ќе ги одврати луѓето од опасното патување преку Ла Манш
Досега оваа година повеќе од 7.500 мигранти пристигнале во Англија со брод од Франција. Владата верува дека оваа политика ќе ги одврати луѓето од опасното патување преку Ла Манш. Минатата недела, на пример, пет лица загинаа обидувајќи се да го преминат опасниот канал.
Добротворните организации за човекови права и синдикатите кои се противат на политиката се очекува да започнат нови правни потези за да спречат авионите да полетаат во Руанда, откако Врховниот суд на ОК минатата година ја прогласи политиката за незаконска.
Портпаролот на организацијата рече дека нивната линија за помош примила повици од „неколку десетици луѓе“ кои сè уште не знаат кој е одреден за депортација во првите летови или кога тие ќе почнат да се спроведуваат.
Свет
Во поплавите во Бразил загинаа осум лица, а 21 се исчезнати
Осум лица загинаа, а 21 се водат како исчезнати во поплавите предизвикани од обилните дождови во државата Рио Гранде до Сул во јужен Бразил.
Над 1.400 жители се раселени поради невремето што доведе до пораст на нивото на водата и поплави во 104 општини, пренесува Ројтерс.
Гувернерот Едуардо Леите изјави дека државата работи на пронаоѓање на исчезнати лица и за обезбедување на безбедноста на оние во загрозените области.
Свет
Лидерот на ИСИС убиен во операција во пограничниот регион на Мали
Водачот на една од групите поврзани со Исламската држава, Абу Худајфа, е убиен во операција во пограничниот регион кој опфаќа делови од Мали, Буркина Фасо и Нигер.
Неутрализацијата на терористичкиот функционер беше извршена за време на голема операција во Липтак, триграничен регион кој опфаќа делови од Мали, Буркина Фасо и Нигер, соопштија властите на Мали.
Во соопштението се потсетува дека лидер на ИСИС учествувал во нападот на Нигер во 2017 година, што резултираше со убиство на четири американски Зелени беретки и четворица нигериски војници, вклучително и еден преведувач.