Свет
Кина го забрани увозот на свињи од Хрватска и Босна и Херцеговина: сите ќе бидат вратени или убиени

Кина забрани директен и индиректен увоз на домашни и диви свињи од Хрватска и Босна и Херцеговина поради избувнувањето на африканската свинска чума.
Сите животни што ќе влезат на кинеската територија од тие земји ќе бидат вратени во земјата на потекло или убиени, се вели во две соопштенија на кинеската Царинска управа.
Во Хрватска, според Министерството за земјоделство, на крајот на минатата недела болеста е потврдена на 35 фарми, а еден случај е забележан и кај популацијата на диви свињи, пренесува „Индекс“.
Министерството посочи дека ги заострила мерките за сузбивање на нелегалната трговија со цел да се спречи ширење на заразата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Фото) Фон дер Лајен се пофали дека се ракувала со Трамп пред базиликата

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и американскиот претседател Доналд Трамп се согласија да се сретнат за време на краткиот разговор пред погребот на папата Франциск во Ватикан.
Портпаролката на Урсула фон дер Лајен ја потврди информацијата, објаснувајќи дека состанокот нема да се одржи денес и дека во моментов нема дополнителни детали за времето и локацијата на состанокот.
Фон дер Лајен објави фотографија на социјалната мрежа X на која се овековечува моментот на ракување со Трамп на скалите пред базиликата „Свети Петар“.
Таа напиша покрај фотографијата: „Денес, светските лидери се собраа да му оддадат последна почит на Неговата Светост Папата Франциск. Имав позитивни разговори со многу од нив.“
Покрај фотографијата со Трамп, претседателот на Европската комисија сподели и фотографии со францускиот претседател Емануел Макрон и индонезискиот претседател Џоко Видодо.
Свет
(Видео) Застрашувачката снимка од експлозијата во Иран, 4 лица загинаа, најмалку 516 се повредени

BREAKING: Massive explosion hits the Iranian port of Bandar Abbas pic.twitter.com/PDNvcmCVOi
— BNO News (@BNONews) April 26, 2025
Свет
Позитивна средба меѓу Трамп, Зеленски, Макрон и Стармер – Доналд си заминал од Рим

На маргините од испраќањето на папата Франциск во Рим, претседателите на САД, Доналд Трамп, Украина, Володимир Зеленски, Франција, Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер остварија „позитивна“ размена на мислења за ситуацијата во Украина, соопшти Елисејската палата.
„Потврдувам дека имаше размена на мислења меѓу претседателот и Трамп, Зеленски и Стармер, што беше позитивно“, изјави советник од Елисејската палата.
Иако постоеше можност за нова средба помеѓу Трамп и Зеленски по церемонијата, американскиот претседател го напушти Рим без дополнителна средба, јавуваат агенциите.
Претходно, Зеленски и Трамп накратко се сретнале во базиликата „Свети Петар“, седејќи на две столчиња без советници околу нив. Белата куќа соопшти дека разговорот бил „многу продуктивен“, особено во контекст на обидите за ставање крај на конфликтот меѓу Украина и Русија.
Трамп, кој интензивно врши притисок врз двете страни да постигнат прекин на огнот, во петокот изјави дека неговиот претставник остварил „продуктивни“ разговори со руското раководство. Тој повика на итен состанок на високо ниво меѓу Киев и Москва за финализирање на мировен договор.
Трамп веќе ги предупреди страните дека неговата администрација ќе се повлече од напорите за постигнување мир ако не се постигне договор наскоро. Средбата во Рим е прва лична средба меѓу Трамп и Зеленски откако во февруари имаа жестока расправија во Овалната соба.