Свет
Кина демантира дека вработени во лабораторија имале Ковид-19 уште во ноември 2019
Кина деновиве одлучно ги демантира пишувањата на „Волстрит џурнал“, кој ги цитира американските разузнавачки служби, според кои неколку членови на лабораторија во Вухан биле болни пред да се појават првите симптоми на вирусот во тој кинески град на 8 декември 2019 година.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Џао Лиџијан, изјави дека е целосно неточно оти тројца лабораториски техничари од Институтот за вирологија во Вухан се разболеле во текот на есента 2019 година, објави „Гардијан“. Во текстот на „Волстрит џурнал“ се вели дека, врз основа на разузнавачките податоци на САД, лабораториските техничари имале симптоми карактеристични на Ковид-19 и на сезонски болести.
„САД продолжуваат да ја пумпаат теоријата дека вирусот излегол од лабораторија. Дали се тие навистина загрижени за потеклото на вирусот или само се обидуваат да привлечат внимание“, запраша портпаролот. Тој исто така ја цитира изјавата на Институтот во Вухан од март 2020 година, во која се вели дека Институтот никогаш немал контакт со Ковид-19 пред 30 декември 2019 година.
Во посебен извештај Си-ен-ен цитира луѓе што се запознаени со содржината на извештајот, според кои разузнавачките служби сè уште не знаат од што биле болни кинеските лабораториски техничари.
„На крајот на денот, ништо не е целосно јасно“, изјавил за Си-ен-ен еден од изворите, кој имал увид во разузнавачкиот извештај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.
Свет
Во Аргентина откриен нов вид диносаурус
Аргентинските палеонтолози објавија дека откриле нов вид диносаурус, наречен Chakisaurus nekul, кој живеел пред околу 90 милиони години во областа на денешна Патагонија.
Chakisaurus nekula е тревојаден диносаурус со средна големина, а фосилот е пронајден во природниот резерват Пуебло Бланко, во јужната провинција Рио Негро, каде што претходно биле пронајдени бројни остатоци од други диносауруси, цицачи и риби.
Се смета дека најголемиот чакисаурус достигнал големина од три метри во должина и 70 сантиметри во висина, а новите студии покажуваат дека овој тип на диносаурус трчал брзо и имал невообичаено закривена опашка, наведува Ројтерс.