Свет
Кина одби да му ги даде на тимот на СЗО податоците за почетокот на пандемијата
Кина одби да му достави на тимот на Светската здравствена организација необработени податоци од почетокот на пандемијата, рече денеска член на тимот на СЗО, потенцијално комплицирајќи ги напорите да се разбере како започнала инфекцијата.
Тимот на СЗО побара необработени податоци од 174 пациенти, кои беа меѓу првите што се заразија со Ковид-19 во Вухан во декември 2019 година, но добија само заклучоци, рече Доминик Дваер, австралиски имунолог, кој е меѓу членовите на тимот на СЗО.
Податоците што се бараат од СЗО обично би биле анонимни, но содржат детали како што се прашања и одговори на пациентите и анализа на нивните одговори.
„ Вообичаена практика е кога започнува истрагата за инфекцијата“, изјави Дваер за Ројтерс по враќањето во Сиднеј, каде што во моментов е во карантин.
Австралиецот додаде дека пристапот до тие податоци е од голема важност, бидејќи само половина од 174 случаи биле поврзани со пазарот Хуанан, каде што првично бил откриен вирусот.
„ Затоа инсистиравме на тие податоци, а зошто не ги добивме, не можам да коментирам. Дали е тоа политичка причина, временски, или е тешко да се добијат тие податоци … И дали има други причини зошто податоците не се достапни, не знам. Можеме само да шпекулираме “, додаде Дваер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

