Свет
Кинезите лансираат вештачка Месечина
Кинезите имаат намера да го заменат уличното осветлување со вештачка Месечина, која ќе блесне осум пати посилно од вистинската.
Алтернативата на старото улично осветлување, вештачката Месечина, ќе осветлува делови од југоисточна Кина.
Кинезите планираат во вселената да лансираат сателит што ќе осветлува околу 80 квадратни километри од површината на Земјата.
Проектот „Вештачка Месечина” се развива веќе некое време, според научните списанија и порталите на весниците.
Сателитот вештачка Месечина ќе биде насочен кон Шенгду, еден од трите најнаселени градови во западна Кина. На тоа подрачје живеат околу 14,5 милиони луѓе.
Проектот е на институтот Erspejs sajens end technology од Шенгду, кој се очекува да го лансира сателитот во 2020 година.
Лекарите предупредуваат за опасноста од висок крвен притисок и дијабетес, ако луѓето се изложени на силна вештачка светлина пред спиење.
Резултатите од истражувањето во кое учествуваа 116 здрави испитаници на возраст од 18 до 30 години покажуваат дека изложеноста на силна вештачка светлина пред спиење може да го намали квалитетот на сонот и да го загрози здравјето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран за говорот на Трамп: Професионалните лажговци се добри во создавањето „илузија на вистината“
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, што ги изнесе за Иран во своето обраќање за состојбата на нацијата, се неточни и додаде дека „професионалните лажговци“ се добри во создавањето илузија на вистината.
Вака реагираше тој на изјавите на Трамп дека САД ја уништиле иранската програма за нуклеарно оружје за време на нападот во јуни минатата година, но дека Техеран „повторно“ се обидува да изгради нуклеарно оружје и дека тој нема да дозволи тоа да се случи, дека Иран веќе развил ракети што можат да ја загрозат Европа и САД и дека 32.000 луѓе биле убиени за време на неодамнешните протести.
„Повторувај лага доволно често додека не стане вистина“ е пропагандна максима измислена од нацистот Јозеф Гебелс, а сега систематски ја користат американската администрација и нејзините воени профитери, особено геноцидниот ционистички ентитет, за да ја унапредат својата подмолна кампања за дезинформација против Иран. „Сè што тврдат за нуклеарната програма на Иран, неговите балистички ракети и бројот на жртви за време на немирите во јануари не е ништо повеќе од повторување на „големи лаги“. Никој не треба да биде измамен од овие очигледни лаги“, напиша Багеи, пренесува Танјуг.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Свет
Орбан со обвинување до лидерите на ЕУ, дека се согласиле со Зеленски за продолжување на војната
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес ги обвини европските лидери, предводени од Урсула фон дер Лајен, дека се согласиле со украинскиот претседател Володимир Зеленски за продолжување на војната.
„Ова се лоши вести за Европа. Војната за која очигледно нема решение на фронтот, но која подразбира ужасно уништување, се продолжува. Околу 35.000 луѓе умираат или остануваат осакатени секој месец, додека линиите на фронтот едвај се движат, оставајќи стотици илјади вдовици, сирачиња, мајки кои тагуваат по своите синови. Ова е она што Брисел го поддржува“, се наведува во објавата на Орбан на Фејсбук.
Орбан истакна дека стотици милијарди евра се горат „залудно“ и додаде дека војната во Украина не ја осакатува Русија, туку Европа, како и создава ризик од нуклеарен конфликт и конфронтација на Европа со нуклеарна сила, пренесува МТИ.
„Ќе нè вовлечат во тоа ако им дозволиме“, рече Орбан и го обвини лидерот на унгарската опозициска партија дека минатата недела во Минхен со германска помош потпишал таен договор со бриселските лидери.
„Тој ќе ја одвои Унгарија од евтината нафта и гас. Тиса застана на страната на Украина, а не на Унгарците, во енергетската војна. Унгарија мора да остане настрана од ова. Унгарската влада мора да ја зачува безбедноста на Унгарија. Ние ќе го постигнеме тоа“, рече Орбан, додавајќи дека договорот на лидерот на Тиса бил чуван во тајност за да не ја дознаат Унгарците вистината пред изборите, објави Танјуг.

