Свет
Кинески доктор предупредувал на епидемија од коронавирусот, а полицијата му се заканила
На самиот почеток на годинава градските власти на кинескиот град Вухан се обидоа да ја намалат опасноста од ширење на заразата од коронавирусот. Кога еден доктор сакал да ги предупреди своите колеги на можноста за настанување на епидемија, го посетила полицијата и му рекла да престане со таквите тврдења.
Еден месец подоцна ја споделил својата приказна со јавноста од болничкиот кревет по што бил прогласен за херој.
The Chinese doctor who tried to warn others about coronavirus https://t.co/eXBCGCqNky When Li Wenliang warned about a Sars-like virus at his hospital in Wuhan, authorities tried to silence him.
source https://t.co/mGmNe3at4i
— news duniya (@Arju19596322) February 4, 2020
„Ве поздравувам сите. Јас сум Ли Вендлианг, офталмолог во Централната болница во Вухан“ напиша тој на кинеската социјална мрежа Веибо и ја започна својата приказна.
Венлианг во декември минатата година во својата болница забележал седум случаи на зараза од непознат вирус за кој мислел дека има сличност со САРС-от, вирусот кој во 2003 година предизвика глобална епидемија.
Тој на 30 декекмври ги предупредил своите колеги доктори дека би можело да се работи за многу заразна болест и ги советувал да носат заштитни одела за да ја избегнат заразата. Четири дена подоцна го посетила полицијата, односно службеници од Канцеларијата за јавна безбедност, кои му предале писмо во кое тој бил обвинет дека давал лажни информации кои сериозно го нарушуваат општеството.
Li Wenliang李文亮, the doctor who has disclosed the #coronarvirus at the first stage was interrogated and warned by the police. He was infected by the #nCoV2019 later. Now he post his "punishment letter" on Weibo, the Chinese twitter. Please follow him to protect him! @IntyMedia pic.twitter.com/tlRSKPsd2Y
— ChinaNewsTranslation新闻搬运工 (@chinanewsbyg) January 31, 2020
Венлианг бил еден од осум лица кои полицијата во тоа време ги надгледувала „поради ширење на неверодостојни гласини“ пишува Би-би-си.
Подоцна, кога тој јавно ја раскажа својата приказна, локалните власти му се извиниле, но било доцна, бидејќи многу лекари се заразиле поради слабата заштита од коронавирусот. Истото се случило и со него. Една недела подоцна лекувал жена која имала глаукон, а не знаел дека е заразена со новиот коронавирус. Наскоро добил температура и почнал да кашла, по што завршил во болница. Се разболеле и неговите родители. Десет дена подоцна Кина прогласи епидемија и вонредна состојба.
Неговата објава набрзо предизвика илјадници коментари и поддршка.
„Ли Венлианг е херој“ е еден од коментарите на мрежата Веибо .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија има сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев.
Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас.
Тој ги обвини западните земји што му забраниле да ја нападне Русија со нивното оружје.
„Русите можат да не нападнат на наша територија, тоа е најголемата предност што ја има Русија, но ние не можеме да направиме ништо со западното оружје на нивните вооружени системи лоцирани на руска територија. Немаме право“, вели Зеленски.
Според него, Западот се плаши и од руски и од украински пораз и оваа ситуација ја нарече апсурдна.
„Ние сме во апсурдна ситуација кога Западот се плаши дека Русија ќе ја изгуби војната. А во исто време тие не сакаат Украина да ја изгуби. Затоа што конечната победа на Украина ќе доведе до пораз на Русија и конечна победата на Русија ќе доведе до пораз на Украина“, истакна Зеленски.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.