Свет
Кипар им даде согласност на САД да распоредат свој тим за итни интервенции

Кипар им даде согласност на САД на нивната територија да распоредат тим за брза интервенција, за случај на евакуација на американските дипломатски мисии и американските државјани од регионот, ако тоа биде потребно, изјави портпаролот на кипарската влада.
Кипар соопшти дека добил барање од САД да распореди свој тим за итни интервенции во случај на потреби, како одговор на растечки тензии меѓу САД и Иран, пренесе атинскиот „Катимерини“.
„Кипар даде согласност за привремено распоредување на земјата на американски тим за итни интервенции, кои имаат задача да евакуираат членови на американските дипломатски мисии од регионот, како и американски државјани ако биде тоа потребно“ изјави портпаролот на кипарската влада, кој додаде дека барањето се однесува само на целосно хуманитарни операции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Сопругата на Ердоган ја повика Меланија Трамп да се заложи за децата во Газа

Првата дама на Турција, Емине Ердоган, испрати писмо до сопругата на американскиот претседател, Меланија Трамп, во кое ја повикува да покаже еднакво сочувство за децата и цивилите во Појасот Газа, како што претходно покажа за жртвите од војната во Украина.
Ердоган во писмото бара од Меланија Трамп да стапи во контакт со премиерот на Израел и да се заложи за спас на децата во Газа.
„Верувам дека големата чувствителност што ја покажавте кон 648 украински деца ќе биде покажана и за Газа“, наведува Емине Ердоган, потсетувајќи дека во изминатите две години во Појасот Газа загинале повеќе од 62.000 цивили, од кои 18.000 деца.
Таа предупредува дека таму „не се случува само геноцид, туку и неправда во меѓународниот поредок, кој ги цени животите на некои луѓе повеќе од другите“.
„Како мајка, жена и човечко суштество, длабоко сочувствувам со емоциите што ги изразивте во вашето писмо. Се надевам дека ќе имате иста надеж за децата од Газа“, пишува сопругата на Ердоган.
Белата куќа засега не го коментирала писмото на турската прва дама.
Свет
Скандал во Белата куќа, Трамп наводно ја избркал Фон дер Лајен од состанокот

Германскиот десничарски канал „n-tv“ објави сензационални информации дека на 18 август, за време на состанокот со европските лидери во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп наводно ја замолил претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да ја напушти просторијата.
Според пишувањата, Трамп наводно рекол дека сака „зрел разговор со важни луѓе“ и дека „разговара само со државни лидери“.
Како аргумент, тој наводно истакнал дека претседателот на Европската комисија не е државен лидер, туку институционален претставник, и затоа не припаѓа на најтесниот круг учесници на средбата.
Но, веднаш по објавата, Европската комисија остро реагираше. Заменик-портпаролката Аријана Подеста ги нарече тврдењата „целосно неточни“ и истакна дека фон дер Лајен учествувала во сите дискусии рамноправно со другите лидери.
„Видовме извештаи во кои се тврди дека претседателката фон дер Лајен ја напуштила просторијата за време на состанокот со претседателот на САД и претседателот на Украина. Тие извештаи се целосно лажни“, напиша Подеста на мрежата „Х“.
We have seen reporting which claims President @vonderleyen left the room temporarily during meetings with @POTUS and @ZelenskyyUA in DC on Monday.
These reports are completely false.
The President participated in all meetings, at all times, with the other European leaders.
— Arianna Podestà (@arianna_podesta) August 20, 2025
На состанокот во Белата куќа, покрај фон дер Лајен, учествуваа и претседателот на Украина Володимир Зеленски, британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони, претседателот на Финска Александар Стуб и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Свет
(Видео) Сомнителен пожар повреди пет лица, три сериозно

Пет лица се повредени, од кои три потешко, во сомнителен пожар што вчера избувна во ресторанот „Индијан Арома“ во Илфорд, во близина на Лондон, соопшти полицијата.
Три жени и двајца мажи беа пренесени во болница, а три од нив се со животозагрозувачки повреди, додека останатите две се надвор од непосредна опасност.
„Дел од приземјето на ресторанот беше тешко оштетен, но девет лица успеаја да избегаат од запалените простории“, соопшти Лондонската противпожарна бригада (LFB).
Главниот инспектор Марк Роџерс од Одделот за специјални кривични дела на полицијата во Северен Лондон изјави:
„Пожарот беше изгаснат до 22:32 часот. Разбираме дека овој инцидент ќе предизвика загриженост во локалната заедница. Тим детективи работи со полно работно време за да го истражи овој инцидент. Во моментов нема апсења.“
Полицијата нагласува дека причините за пожарот сè уште се предмет на истрага и дека ќе бидат преземени сите мерки за откривање на сторителот.