Европа
Кличко повторно жестоко го критикува Зеленски
Украина мора да остане демократска земја, вели градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во интервју за германскиот АРД. Во овој поглед има неколку потези на украинскиот државен врв со кои тој не се согласува.
Првиот пример за тоа е изјавата на Серхи Лешченко, член на кабинетот на претседателот, дека Украинците што се во странство треба да се вратат во својата татковина и да ѝ помогнат, а Европската Унија да престане да им дава гостопримство на овие луѓе, пишува ДВ.
Кличко вели дека бил изненаден од таа изјава: „Ако сме демократска земја и ги принудуваме луѓето да доаѓаат во Украина, тогаш, според мене, ова е кршење на човековите права. Секој има право да добие заштита и никој не може да ги принуди луѓето што се во странство да дојдат. Можеме да ги убедиме луѓето, да ги поканиме, да ги прашаме. Но, верувам дека принудата не е вистинскиот начин“.
Враќање на централната власт?
Со оглед на тоа што во Киев, покрај цивилната администрација на Кличко, има и воена администрација, новинарката Сабина Адлер, која редовно известува за германскиот јавен сервис АРД од главниот град на Украина, сакаше да знае „дали војната е изговор за повторно враќање на централизацијата“. Одговорот на Кличко беше: „Во право сте бидејќи реформите за самоуправување и децентрализација се едни од најуспешните што се спроведени во последните години“.
Потсетувајќи дека „во Украина има обиди да се заплашат новинарите, дека опозицијата е практично невидлива“ и „дека дебатите во парламентот се прикажуваат среде ноќ“, новинарот на АРД постави реторичко прашање: „Однадвор се добива впечаток дека во Украина е само претседателот Зеленски“.
„Во право си“, повторно одговара Кличко додавајќи дека „централизацијата е опасна тенденција кога станува збор за одлучување“. Да не се зборува за тоа, значи да се согласи со тоа, рече тој истакнувајќи дека темелите на демократијата мора да се зачуваат дури и во војна, инаку Украина повеќе нема да биде многу поинаква од Русија.
Според Кличко, еден од доказите за важноста на самоуправата е тоа што таа функционирала особено добро во првите месеци од војната – во однос на територијалната одбрана, поддршката за армијата и заштитата на градовите. Потсети дека тоа им било јасно и на Русите: „Прва цел им биле градоначалниците: 37 од нив биле киднапирани, еден бил убиен, а петмина од нив се водат како исчезнати и денеска“.
Виталиј Кличко се пожали и дека од почетокот на војната немал ниту една средба со претседателот Зеленски, дека многупати се обидел да разговара со него на телефон, но безуспешно.
Според него, задача на претседателот е да го обедини општеството. Тој, вели, треба да биде фигура што ги обединува сите луѓе – рамо до рамо. Во сегашна Украина, пак, економијата го чувствува притисокот на централната власт, која, како што смета Кличко, не е во ред.
Затоа неговата порака гласи: „Украина мора да остане демократска“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Ги убил двајцата внуци, па си пресудил самиот на себе: пензионер се забарикадирал во куќа во Шпанија
Трагедија се случи во мал шпански град кога пензионер ги уби своите двајца внуци на возраст од 10 и 13 години пред да се самоубие – два месеца откако сопруга и ќерката му загинаа во сообраќајна несреќа додека тој возел.
Полицијата ја опколила куќата на 72-годишниот маж откако тој синоќа се забарикадирал во имотот со момчињата.
Нивните три тела беа пронајдени околу 8.30 часот утринава во разни простории од куќата во Хуетор Тајар – град со околу 10.000 жители, во близина на градот Гранада во јужна Шпанија – кога насилно влегле вооружени полицајци.
Едното дете е убиено со огнено оружје, а другото се удавило.
Извори блиски до истрагата велат дека едно од децата имало прострелни рани, а другото се верува дека се удавило.
Истражителите на Цивилната гарда велат дека пензионерот се застрелал со истото огнено оружје што го користел за да го убие својот внук.
Неговата сопруга и ќерката, мајка на две деца, ја загубија борбата за живот кога беа исечени од остатоците од автомобилот што го управуваше 72-годишникот.
Европа
Се огласи болницата во Банска Бистрица: Ова се последните информации за состојбата на Роберт Фицо
Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше ранет во обид за атентат минатата недела, е стабилна, соопштија од болницата во Банска Бистрица.
„Клинички се подобрува, комуницира, воспалителните параметри полека се намалуваат. Премиерот останува под наша грижа“, соопштија од болницата во Банска Бистрица по денешната седница на советот.
Фицо беше тешко ранет минатата среда по состанокот на кабинетот кога се приближи до насобраните луѓе.
Тој со хеликоптер беше префрлен во болницата во Банска Бистрица, каде што итно беше опериран и оттогаш е таму.
Претходните денови се зборуваше за префрлање на премиерот во друга институција, но како што може да се заклучи од денешното соопштение на болницата, тој засега останува во Банска Бистрица.
Европа
Украина со дронови нападна руска рафинерија: „Има штета, престана да работи“
Руска нафтена рафинерија во Славјанск, во Краснодарската област, беше оштетена по напад со беспилотно летало кон крајот на минатата недела, објави денеска државната новинска агенција „Тасс“ цитирајќи претставник на компанијата за безбедност.
Шест беспилотни летала погодија област на нафтена рафинерија во Славјанск во јужниот дел на Русија Краснодар во раните утрински часови, според локалните власти.
Новинската агенција „Интерфакс“ објави дека рафинеријата престанала да работи по нападот.
„Причинета е штета. Ќе се утврдат нејзината големина и опсегот“, ја цитира „Тасс“ изјавата на безбедносниот претставник Едуард Труднев во понеделникот.
Рафинеријата во Славјанск е приватна постројка со капацитет од речиси 100.000 барели дневно. Произведува гориво за домашни потреби и за извоз.