Европа
Клучната струја на Атлантскиот Океан е пред колапс, научниците предупредуваат на нова климатска катастрофа
Научниците ги проучуваат промените на главната струја во Атлантскиот Океан.
Последниот пат кога имаше големо забавување на моќните океански струи во северен Атлантик, а тоа ја втурна Европа во екстремен студ повеќе од илјада години. Тоа се случило пред речиси 12.800 години.
Научниците во Данска оваа недела утврдија дека може да очекуваме ново ненадејно слабеење на океанските струи, па дури и прекин, најдоцна до крајот на овој век.
Климатолозите, генерално, се согласуваат дека океанските струи во Атлантикот ќе ослабат овој век, но не постои консензус за тоа дали драстично забавување со несогледливи последици за климата ќе се случи пред 2100 година, пишува „Њујорк тајмс“.
Новото истражување, објавено во списанието Nature Communications, предупредува дека има сѐ повеќе научни докази дека континуираното ослободување стакленички гасови создадени од човекот може да доведе до климатска пресвртна точка, со брзи и неповратни еколошки промени.
Коавторката на тој научен труд, Сузане Дитлевсен, професорка по статистика на Универзитетот во Копенхаген, предупредува дека новите наоди се доволен аргумент дека климатскиот распад повеќе не се смета за апстрактна, далечна закана. Ова се случува овде и сега, предупредува данската научничка.
Научниците ги проучуваат промените во главната струја во Атлантскиот Океан. Таа носи површинска топла солена вода на далечниот север, каде што, по ладењето, се повлекува на дното и тече на југ. Овој систем на океански струи пренесува важен дел од топлинската енергија од тропските области до северниот дел на Атлантикот, од каде што топлината оди во атмосферата.
Оваа струја ја транспортира топлата океанска вода од тропските предели преку Голфската струја, а потоа поминува по југоисточниот брег на САД пред да се сврти кон северот на Европа. Кога океанските води ја ослободуваат својата топлина во воздухот на далечниот север, тој станува постуден и погуст и тоне во длабочините на океанот враќајќи се на екваторот. Овој ефект на потопување или превртување им овозможува на океанските струи да пренесат огромно количество топлина околу планетата поради што имаат исклучително големо влијание врз климата во областа на Атлантикот и пошироко, според „Њујорк тајмс“.
Меѓутоа, бидејќи атмосферата се загрева поради човечкото влијание, ледената покривка на Гренланд се топи и голема количина свежа вода се влева во Северниот Атлантик, што може да ја наруши рамнотежата што го одржува овој проток.
Делот од Атлантикот јужно од Гренланд е значително постуден во последните години, што некои научници го гледаат како доказ дека северноатлантската струја (AMOC) забавува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Лавров: Западот мора да разбере дека Русија има стратешка иницијатива во Украина
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено вчера вечер изјави дека Западот мора да разбере дека Русија има стратешка иницијатива во Украина, додека разговорите за можно решение за ставање крај на војната продолжуваат.
Лавров за новинската агенција РИА изјави дека Западот мора да се помири со реалноста на теренот речиси четири години по почетокот на руската инвазија на Украина, која ја опиша како „Специјална воена операција“.
Тој рече дека Соединетите Американски Држави сега ја поддржуваат идејата, која им стана јасна на сите, дека се потребни нови избори со истекот на мандатот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Лавров, исто така, повтори дека решението бара крај на секоја идеја за присуство на НАТО во Украина и дека земјата мора да прифати неутрален, неврзанички статус.
Европа
Медведев: Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот
По нападот со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, Володимир Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот, напиша Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност.
„Овој смрдлив киевски гад се обидува да го саботира решавањето на конфликтот“, напиша Медведев во објавата.
The stinking Kiev bastard is trying to derail the settlement of the conflict. He wants war. Well, now at least he’ll have to stay in hiding for the rest of his worthless life.
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) December 29, 2025
Медведев, исто така, напиша дека Зеленски „сака војна“ и дека сега ќе мора да се крие „до крајот на својот безвреден живот“.
Европа
(Видео) Лукашенко се судри со играч за време на натпревар во хокеј: снимката од неговото паѓање стана вирална
71-годишниот белоруски претседател Александар Лукашенко падна на мразот за време на натпревар во хокеј. Снимката од инцидентот стана вирална на социјалните мрежи.
Снимката покажува како хокеар со број 68 случајно го удира Лукашенко, кој го носеше дресот со број 01, во грбот. По судирот, Лукашенко ја изгуби рамнотежата и падна на мразот, удирајќи ја главата на лизгалиштето.
Во тимот на Лукашенко, дресот со број 68 го носеше Јарослав Чуприс, поранешен играч на белоруската репрезентација. По падот, натпреварот беше накратко прекинат, а Чуприс побрза да му помогне на Лукашенко да стане. Неколку играчи од тимот, исто така, дојдоа до него.
Lukashenko spectacular fall on the ice — like a sack of potatoes 🤣
The ageing hockey player lost his balance, dropped his stick, fell on his back and managed to get up only with the help of another player — who had a unique chance to give Belarusians a perfect New Year’s gift. pic.twitter.com/d9oeuZdseA
— NEXTA (@nexta_tv) December 28, 2025
„Типична работна ситуација: мора да ги зајакнете сопствените редови за другите да размислат двапати. Сè е во ред. Се чувствувам добро, освен истегнатиот мускул на грбот. Се подготвувам за следниот натпревар“, рече Лукашенко по натпреварот.
Канцеларијата за односи со јавноста на Лукашенко објави дека натпреварот завршил нерешено 5-5 и дека синот на Лукашенко, Николај, го израмнил резултатот со гол триесет секунди пред крајот.

