Европа
Кога ќе се одржи втората рунда преговори? Украинската страна не ја потврдила подготвеноста за разговори

Русија и Украина, најверојатно, нема да одржат втор круг разговори во Белорусија в среда, изјави извор за „Интерфакс“.
„Украинската страна не ја потврди својата подготвеност за преговори. Очигледно им треба повеќе време за да стигнат до Белорусија поради логистички проблеми. Малку е веројатно дека преговорите ќе се водат денеска“, рекол изворот.
„Тоа најверојатно ќе се случи на крајот на неделата“, додал тој.
Според извор на „Интерфакс“, доколку украинската страна даде потврден одговор, преговорите би можеле да продолжат в петок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Зеленски за најголемиот удар врз Украина досега: Путин го тестира светот

„Важно е што денес видовме широк одговор од партнерите на овој напад. Јасно е дека Русија се обидува да ѝ нанесе болка на Украина со уште подрски напади. Ова е јасен знак дека Путин го тестира светот, за да види дали ќе го прифати тоа или не“, објави Володимир Зеленски вчера вечер на платформата Икс, коментирајќи го најголемиот руски воздушен напад врз Украина досега.
„Затоа изјавите на државните лидери и институциите мора да бидат поткрепени со силни акции – санкции против Русија и поединци поврзани со Русија, високи тарифи и други ограничувања за трговија со Русија. Нивните загуби мора да се почувствуваат. Тоа е она што е навистина убедливо“, рече Зеленски.
It is important that today we saw a broad response from our partners to this strike. Clearly, Russia is trying to inflict pain on Ukraine with even more brazen attacks. This is a clear sign that Putin is testing the world – whether they will accept or tolerate this. pic.twitter.com/X2vGTgnDTX
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) September 7, 2025
„Друга работа е подеднакво важна – нашите долгорочни способности. Путин не сака преговори, тој очигледно се крие од нив, затоа недостигот на гориво во Русија и другите економски тешкотии се логичен одговор на одбивањето на прекин на огнот или состанок на ниво на лидери“, рече Зеленски.
Во саботата кон неделата, Русија го изврши најголемиот воздушен напад врз Украина од почетокот на војната. Беа испукани околу 800 беспилотни летала и ракети, а за прв пат беше оштетена и зградата на украинската влада во Киев. Во нападите беа убиени најмалку четири цивили, вклучувајќи и двомесечно бебе. Повеќе од 40 лица беа ранети.
фото: принтскрин
Европа
По протестот за железничката несреќа во Атина се фрлаа молотови коктели

Непознати лица фрлале молотови коктели кон полицијата пред грчкиот Парламент во центарот на Атина по завршувањето на официјалниот дел од протестот за железничката несреќа кај Темпи, на кој граѓаните уште еднаш побараа правда за жртвите.
Инцидентите се случиле на само неколку минути по завршувањето на протестот и додека сѐ уште имаше граѓани во делот пред Парламентот, па така полицијата не употребила солзавец.
Тензиите се пренесоа во долниот дел на плоштадот Синтагма, каде што побегнаа маскираните лица, а специјалните полициски сили употребија солзавец.
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа најголемата рафинерија на рускиот нафтен гигант

Украинските беспилотни летала нападнаа неколку руски нафтени објекти синоќа вклучувајќи ја најголемата рафинерија на „Роснефт“ во Рјазан и складиште за нафта во окупираниот регион Луганск. Веста ја потврди Роберт (Мадијар) Бровди, командант на украинските беспилотни сили, објави „Киев индепендент“.
„Бензинот (во Русија) е при крај, а гасот и нафтата бргу исчезнуваат“, напиша Бровди на социјалните медиуми.
💥 Drones hit a refinery in Russia’s Ryazan, setting it ablaze. Ukraine confirms strikes on both the Ryazan refinery & an oil depot in occupied Luhansk. #MakeRussiaPay pic.twitter.com/PaSlQskXGq
— Iuliia Mendel (@IuliiaMendel) September 5, 2025
Жителите на Рјазан, град на 180 километри југоисточно од Москва, им ги пријавија на руските медиуми експлозиите околу 2 часот наутро, проследени со голем пожар што го осветли ноќното небо. Фотографиите и видеата што бргу се проширија на интернет покажаа густ црн чад што се издига од рафинеријата на јужните периферии на градот.
Објектот, со капацитет од 13,8 милиони тони годишно, веќе беше цел на украински беспилотни летала на 2 август кога две од неговите три главни единици беа принудени да се затворат.
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) September 5, 2025
Регионалниот гувернер Павел Малков изјави дека осум дрона биле соборени, а остатоците паднале врз индустриската зона тврдејќи дека немало жртви или штети на станбени згради. Тој не коментира директно за извештаите за пожарот во рафинеријата.
Во меѓувреме, во окупираниот регион Луганск локалните жители пријавија дека виделе црн чад доцна во четвртокот вечерта. Мадјар потврди дека украинските беспилотни летала погодиле складиште за нафта во регионот, иако обемот на штетата сè уште не е познат.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта соборило вкупно 92 украински беспилотни летала.
фото: принтскрин