Свет
Колумбија и Венецуела, по седум години, ги отворија границите
Колумбија и Венецуела ја отворија границата по долгогодишната тензија и неодамнешното обновување на дипломатските односи.
„Ова е историски ден за земјата, регионот и за Америка воопшто“, рече колумбискиот претседател, Густаво Петро.
Првиот товарен камион го премина мостот Симон Боливар од Колумбија до соседната земја првпат по седум години. Ќе продолжат и комерцијалните летови.
Земјите неодамна ги обновија дипломатските односи, а постепеното зближување на двете јужноамерикански народи се случи по изборот на Густаво Петра на 19 јуни за прв левичарски претседател во поновата историја на Колумбија. Границата првпат беше затворена во 2015 година поради зголемениот шверц на евтина стока од Венецуела во Колумбија и извештаите за борби меѓу венецуелските војници и колумбиските шверцери.
Тензиите меѓу земјите повторно се разгореа во 2019 година кога колумбиската влада со помош на САД се обиде да испрати камиони со помош на венецуелската опозиција предводена од Хуан Гуаидо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Министер: 100 луѓе беа убиени во американскиот напад врз Венецуела, повеќето ладнокрвно
Во американскиот напад во кој беше соборен претседателот Николас Мадуро во саботата загинаа 100 лица, изјави синоќа венецуелскиот министер за внатрешни работи Диосдадо Кабељо. Каракас претходно не објави бројка на жртви, но војската објави список од 23 свои жртви.
„Голем дел од безбедносните сили на Мадуро беа убиени ладнокрвно“
Венецуелските власти изјавија дека голем дел од безбедносниот контингент на Мадуро беше убиен „ладнокрвно“, а Кубанците тврдат дека 32 припадници на нивните воени и разузнавачки служби во Венецуела исто така биле убиени.
Video from Caracas, Venezuela shows U.S. military helicopters, including CH-47 Chinook and V-22 Osprey aircraft, operating over Caracas alongside multiple explosions. The cause and context of the blasts remain unconfirmed. pic.twitter.com/owOx9X7DPP
— George Allison (@geoallison) January 3, 2026
Сопругата на Мадуро, Силија Флорес, која беше приведена со него, претрпе повреда на главата за време на американската операција за апсење на венецуелскиот претседател, а Мадуро ја повреди ногата, рече Кабељо.
Привремената венецуелска претседателка Делси Родригез, која Кабељо ја пофали како храбра за време на неговата неделна емисија на државната телевизија, вчера прогласи недела жалост за припадниците на војската убиени во нападот.
Европа
(Видео) Руски независни медиуми: Путин го прослави Божиќ во тајна воена база
Рускиот претседател Владимир Путин очигледно не го прославил овогодинешниот православен Божиќ во една од познатите московски катедрали, туку во црква во рамките на воена база. Информацијата ја објави независниот руски истражувачки медиум „Агентство“, кој ги анализираше снимките објавени од Кремљ.
Анализата открива тајна локација
Според анализата, локацијата е идентификувана како црквата на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец, сместена во основата на Центарот за специјални намени „Сенеж“ во Солнечногорск, град на околу шеесет километри северозападно од Москва.
За разлика од претходните години, овој пат Кремљ не прецизираше каде Путин присуствувал на црковната служба што била емитувана во живо на Божиќ, кој во Русија се слави на 7 јануари според јулијанскиот календар. Москва сè уште не одговорила на извештајот на „Агентство“, а „Киев Индепендент“ забележува дека не била во можност независно да ги потврди обвинувањата.
Putin Marks Christmas at a Church on a Military Base, Surrounded by GRU Officers
Vladimir Putin marked Christmas with members of the military for the third time, but unlike the previous two years the Kremlin did not name the church where the president attended the holiday… pic.twitter.com/7nu1Dm7CS8
— Новости «Агентства» (@agents_media) January 7, 2026
Кој бил со Путин?
И покрај тоа што руската војска претрпе огромни загуби на бојното поле, Путин, опкружен со група воени лица, жени и деца, рече дека неговите војници го слават Божиќ исто како што „сите се радуваме заедно на нашите заеднички победи“.
„Агентство“, врз основа на објавеното видео, извести дека и високи воени функционери учествувале во црковната служба со Путин. Меѓу нив беа идентификувани како генерал-мајор Алексеј Галкин, командант на Центарот за специјални намени „Сенеж“ роден во Украина, и Александар Матовников, командант на руските сили за специјални операции.
Свет
Трамп: Венецуела од профитот од нафтата ќе купува само американски производи
Претседателот на САД, Доналд Трамп извести дека Венецуела ќе ги користи своите приходи од нафта за купување исклучиво американски производи.
Соопштението, споделено на социјалната мрежа Truth Social, дојде еден ден откако Трамп откри дека Венецуела ќе им предаде на САД помеѓу 30 и 50 милиони барели санкционирана нафта на продажба, според CNBC.
„Тукушто бев информиран дека Венецуела ќе купува ЕКСКЛУЗИВНО производи произведени во САД, со парите што ги добива од нашиот нов договор за нафта“, рече Трамп.
Тој прецизираше дека купувањата ќе вклучуваат земјоделски производи, лекови, медицински помагала и опрема за подобрување на енергетската мрежа и објектите на Венецуела.
Контрола на продажбата од страна на САД
Новите детали од договорот беа потврдени и од министерот за енергетика Крис Рајт, кој во среда изјави дека САД на неодредено време ќе ја контролираат продажбата на венецуелска нафта.
„Ќе ја пласираме суровата нафта што излегува од Венецуела на пазарот – прво оваа преостаната складирана нафта, а потоа, на неодредено време, ќе го продаваме производството што излегува од Венецуела на пазарот“, рече Рајт на годишната конференција за енергија на Голдман Сакс во Мајами.
„Треба да имаме таа моќ и таа контрола врз продажбата на нафта за да ги поттикнеме промените што едноставно мора да се случат во Венецуела“, додаде министерот за енергетика.
Сите приходи од продажбата ќе бидат депонирани на сметки контролирани од САД, заклучи Рајт.

