Европа
„Комерсант“: Доставувач се обидел да отруе руски пилоти со торта од 20 килограми и виски
Доставувач роден во Украина е обвинет дека се обидел да ги отруе дипломираните студенти на руската воена авијација за време на нивен собир, објави вчера рускиот деловен весник „Комерсант“ повикувајќи се на анонимни полициски извори.
80-ина поранешни студенти на Вишата воена авијациска школа за пилоти во Армавир, во јужниот руски регион Краснодар, присуствуваа на забава по повод 20 години од дипломирањето. Осомничениот Јегор Семјонов наводно донел торта од 20 килограми и неколку чаши виски во ресторанот во кој се одржувал собирот велејќи дека тоа се подароци од поранешен студент, кој не можел да дојде на забавата.
Russian channels claim that allegedly, someone tried to poison graduates of the Armavir flight school in Krasnodar Krai, by gifting them a cake dedicated to the 20th anniversary of their graduation from said school. Sources say that 77 military pilots nearly ate the “poisoned”… pic.twitter.com/dSHnOo0PzU
— Dmitri (@wartranslated) October 24, 2023
„Комерсант“ пишува дека на собирот им биле сомнителни и колачот и вискито и дека подароците ги пријавиле во руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), која открила траги од отров и сега се сомневаат дека украинското СБУ го организирал обидот за атентат.
Се вели дека Семјонов е роден во градот Мелитопол во јужна Украина, кој руските сили го зазедоа на почетокот на нивната инвазија, и живеел надвор од Москва во последните години. Градскиот суд во Армавир го прогласи Семјонов за виновен за ситно хулиганство и го осуди на 15 дена затвор. „Комерсант“ не прецизира дали казната е поврзана со наводниот обид за труење.
Семјонов би можел да се соочи со обвиненија за тероризам во врска со обидот за труење по издржувањето на казната од 15 дена, според полициски извори. Воздухопловното училиште „Краснодар“, неговите професори и поранешни студенти одбија да коментираат за приказната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

