Свет
Комитетот на Конгресот одлучи да ги објави даночните пријави на Трамп
Комитетот за финансии и државен буџет во Претставничкиот дом на Конгресот на САД гласаше за поддршка на јавното објавување на даночните пријави на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. На овој начин беше завршена речиси четиригодишната битка на демократите да го принудат Трамп да ги објави овие документи.
Американските претседатели не се обврзани со закон да ги објават своите даночни пријави, но тоа го правеле доброволно со децении. Сепак, Трамп напорно се бореше да ги заштити своите даночни пријави. Објавувањето на документите го поддржаа 24 членови на Комитетот, додека 16 беа против, а сите демократи беа за, а сите републиканци против.
Во 2016 година, Трамп стана првиот претседателски кандидат од големата партија кој одби јавно да ги објави своите даночни пријави додека беше во кампања по Ричард Никсон во 1972 година. Трамп тогаш најави дека ќе го стори тоа откако ќе заврши ревизијата на УЈП. Комитетот почна да бара објавување даночни пријави откако демократите ја презедоа контролата врз Претставничкиот дом во 2019 година.
Одборот го цитираше федералниот закон кој му дозволува да бара посебен пристап до индивидуалните даночни пријави. Републиканските критичари ги обвинија демократите дека само бараат изговор за пристап до финансиските документи на Трамп. Администрацијата на Трамп одби да соработува со комитетот, што предизвика долготрајна правна битка што заврши со Врховниот суд на САД.
Врховниот суд ја потврди одлуката на апелациониот суд дека демократите имаат право на пристап до даночните пријави. Во 2020 година, Њујорк Тајмс доби копии од даночните пријави на Трамп за период од 18 години.
Во серија написи на оваа тема, весникот објави дека претседателот не плаќал федерални даноци во 10 од тие 18 години или дека плаќал само 750 долари данок во секоја од неговите први две години во Белата куќа.
Одлуката на Комитетот дојде само еден ден откако конгресната комисија предводена од демократите побара од Министерството за правда на САД да отвори кривична пријава против поранешниот претседател за бунт и други обвиненија поврзани со минатогодишните немири од страна на неговите поддржувачи во Капитол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Рјабков: Русија нема доверба во НАТО
Геополитичките проекти со НАТО сега се невозможни, Москва нема доверба во Алијансата и кај нас предизвикува политичка и емотивна одбивност, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
„Геополитички дизајн од секаков вид со НАТО е невозможен. НАТО не е пандан способен за преговори, тоа е групација во која не само што немаме ни најмала доверба, туку ни предизвикува политички и, дури би рекол, емотивна одбивност“, рече Рјабков во интервју за ТАСС.
Тој посочи дека Русија ќе работи со оние „кои се подготвени да преговараат на еднаква основа“.
„Големиот евроазиски простор, концептите на евроазиската безбедност, се она што доаѓа во центарот на вниманието на архитектонските проекти во однос на политиката и геополитиката. Според нас, тоа е она на што пред се треба да се фокусираме“, посочи Рјабков.
Свет
Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел
Командантот на силите Кудс, Есмаил Кани изјави дека трите европски земји кои ги распоредија своите воени авиони за да го одбранат Израел од одмаздничката операција организирана од Иран ќе одговараат.
– Франција, Германија и Велика Британија не треба да мислат дека распоредувањето на авионите таа ноќ е крај на проблемот. Да, таа ноќ заврши, но ќе одговорат во догледно време – изјави бригадниот генерал Есмаил Кани.
Според него, Соединетите Американски Држави и целата западна воена алијанса на НАТО придонеле со сите свои воени капацитети за одбрана на Израел од иранската операција „Вистинско ветување“, пренесува иранската агенција „Тасним“.
– Седум или осум поморски групи се распоредени во Црното Море за да се спречи (иранската) операција – рече тој, додавајќи дека во таа операција се вклучени и повеќе од 200 авиони.
Кани оцени дека Иран ја покажа својата сила, непоколебливост и моќ на целиот свет при нападот на територијата на Израел.
– Победата на операцијата „Вистинско ветување“ не е ограничена само на бројот на ракети и беспилотни летала кои стигнаа до окупираните територии – рече Кани и ги повика земјите од регионот да учат од, како што наведе, „неспособноста на САД да го заштитат израелскиот режим за време на иранската операција“ и да не се потпираат на Вашингтон.
На 13 април Техеран истрела повеќе од 300 беспилотни летала и проектили кон Израел, како одговор на нападот врз иранскиот конзулат во сирискиот главен град Дамаск на 1 април, кога беа убиени седум членови на Иранската револуционерна гарда.
Иран тврди дека нападот „Вистинско ветување“ предизвикал голема штета на израелските воени бази.
Регион
Изгласана новата влада на Хрватска: Пленковиќ по трет пат стана премиер
Пратениците во хрватскиот Сабор вечерва гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ. За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Претседателот и членовите на Владата потоа дадоа заклетва пред пратениците, со што Андреј Пленковиќ го започна третиот последователен мандат како премиер.
Во Собранието денеска беше претставена четиригодишната програма на новата Влада, која се заснова на „успешна, витална, праведна, одржлива и суверена Хрватска“.
Во новиот мандат, владата на Пленковиќ најавува просечна нето плата од 1.600 евра, минимална бруто плата од 1.250 евра, како и отворање на 125.000 нови работни места.
До крајот на мандатот на новата влада, пензиите треба да се зголемат за најмалку 30 отсто, со што просечната пензија би изнесувала најмалку 750 евра.
Новата влада наместо досегашните 16 ќе има 18 министерства и седум потпретседатели.