Свет
Компаниите „Јунајтед ерлајнс“ и „Делта ерлајнс“ откажаа повеќе од 200 лета на Бадник
Авиокомпаниите „Јунајтед ерлајнс“ и „Делта ерлајнс“ објавија дека откажале десетици летови на Бадник бидејќи проширувањето на варијантата омикрон ги погодило нивните екипажи и другите работници.
„Јунајтед“, со седиште во Чикаго, откажа 120 лета, а „Делта“, со седиште во Атланта, 90-ина. Двете компании соопштија дека се во контакт со погодените патници за да избегнат заглавување на аеродромите.
„Наглиот пораст на случаите на омикрон директно влијаеше на нашите екипажи и на нашите оперативни менаџери. Како резултат на тоа, за жал, моравме да откажеме некои летови и да ги информираме засегнатите патници пред да пристигнат на аеродромот“, соопшти „Јунајтед“.
„Делта“, пак, наведува дека ги исцрпела сите опции и ресурси, вклучително и пренасочување и замена на авионот и екипажот за да има редовни летови пред да бидат откажани 90-ина летави. Компанијата како причини ги наведе можните лоши временски услови и влијанието на омикрон-сојот.
Извршниот директор на „Делта“, Ед Бастијан, во вторникот ги повика американските Центри за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ) да ги олеснат упатствата за карантин за целосно вакцинираните лица, кои биле заразени од коронавирус, поради влијанието врз работната сила на авиокомпанијата. Бастијан повика да се намали периодот на изолација од 10 на пет дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

